Свет
Бројот на загинати во нападот во Дагестан достигна четворица
Бројот загинати во терористички напад во дагестанскиот град Хасавјурт се зголеми на четири, јави РИА Новости во неделата, по сознанија добиени од тамошната градска болница. „Еден од ранетите им подлегна на повредите, со што бројот загинати се искачи на четири лица. Во моментот, во градската болница во Хасавјурт се наоѓаат девет преживеани од нападот, од кои пет се во критична состојба. Еден од ранетите заради тежината на повредите е пренесен во болница во Махачкала“, изјави портпаролот на болницата.Во петокот доцна навечер со автомобил бомба беше извршен напад пред локал на автопатот Хасабјурт – Бабајурт, при што на самото место загинаа две девојки и едно момче, а десет лица беа тешко ранети. Истражните власти на кавкаската република Дагестан отворија истрага за нападот изведен со поставување експлозив под теренско возило, а според првичните процени на руските експерти, силата на експлозијата одговарала на детонација на 15-20 килограми ТНТ. Дагестанската полиција во истрагата во саботата навечер во селото Јарик-су во близината на локалните гробишта пронашла подземни скривалишта на оружје и муниција. Биле запленети повеќе автоматски пушки, рачни фрлачи на гранати и муниција. Според властите ова оружје им припаѓало на членовите на вооружена група, којашто во мај минатата година биле ликвидирана во близината на градот Ботајурт во судир со полицијата./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.