Свет
Во Џуба 97,5 отсто гласале за отсепување на јужен Судан
Во главниот центар на јужните провинции на Судан, Џуба, дури 97,5 отсто од гласачите се изјасниле за осамостојувањето на овој дек од досега унитарната држава
Ова го покажуваат прелиминарните резултати од референдумот за независност на јужен Судан, одржан од 9 до 15 јануари.Претседателот на локалниот огранок на референдумската комисија Тимон Вани, изјави дека за независност гласале 211.018 гласачи, само 3.650 се изјасниле против. Официјални преставници на јужен Судан ги собираат резултатите од локалните изборни комитети од референдумското гласање, по кое земјата најверојатно ќе биде поделена на муслимански север и христијански југ.Агенцијата France presse повикувајќи се на свои извори во референдумските комисии објави дека за независност на јужен Судан гласале 99 отсто од гласачите.Конечниот исход од референдумот треба да биде соопштен во првата половина од февруари.Победата на поддржувачите на независноста на јужните судански покраини според аналитичарите не е доведена во прашање, а како што известуваат и светските агенции таква атмосфера владее и меѓу населението. Единствено се очекува колкав ќе биде процентот на поддршката што ќе ја добијат политичарите коишто се залагаа за отцепувањето на јужните покраини од унитарниот Судан. Инаку централната влада на Судан не водеше никаква кампања за убедување на населението од југот за останување во унитарната заедница.Аналитичарите очекуваат мнозинскиот христијански, со нафта богат јужен Судан да се одвои од претежно муслиманскиот север, а власта на север вети дека доколку референдумот успее, ќе дозволи мирно да се одвои јужниот дел.Во саботата според дописниците на агенциите во Картум, главниот град на Судан, атмосферата не била весела, по се’ поизвесното делење на најфолемата африканска држава, во кој северот има 32 милиона а на југот живеат девет милиони население. Се’ поизвесното изгласување на независноста ќе значи дека ќе биде формирана 193-та држава во светот која според најавите ќе биде втемелен во април, кога според мировниот договор со кој заврши граѓанската војна во југот на Судан, истекува шестгодишниот преоден период.Конфликтите во Судан без прекин траат веќе неколку децении. Граѓанската војна меѓу северот и југот на Судан којашто траеше од 1955 до 1972 г. заврши во обезбедувањето на одреден степен на автономија и внатрешно управување за јужните држави. Примирјето траеше околу десет години, по што вооружениот конфликт ги обнови Народната армија за солободување на Судан.Мировните преговори меѓу бунтовниците од југот и владата во 2003 и 2004 г., дојдоа до посакуваните резултати за мир. Во 2005 г., двете страни потпишаа сеопфатен мировен договор, според кој на 9 јануари 2011 г. ќе се одржи референдум. На плебисцитот населението од јужниот дел на Судан ќе одлучи дали да остане во составот на унитарниот Судан или да ќе формираат независна држава.Покрај Народната армија за ослободување на Судан, во јужниот дел на земјата дејствуваат уште неколку бунтовнички групи, кои истакнуваат свои барања. И покрај мировниот договор од 2005 г., се’ уште има спорадични судири меѓу нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.