Свет
Осуден банкарот што дотури информации до WikiLeaks
Швајцарскиот суд во средата го осуди поранешниот банкар Рудолф Елмер, кој се прочу по доставувањето до фамозната интернет страница илјадници документи за големи даночни затајувања како виновен за кршење на правилата за безбедност на банката и го осуди на парична казна од 7.200 швајцарски франци
Како што јави Reuters, казната за поранешниот швајцарски банкар Рудолф Елмер вклучува и двегодишна условна казна за повторување на делото, што се смета за поблага казна отколку што предлагаше обвинителството – осум месеци во затвор и две илјади франци парична казна. Во текот на судењето во Цирих, Елмер кој во 2002 г. беше отпуштен од работа во банката „Julius Baer“, изјавил дека одлуката да ги украдат доверливите информации ја донел како одговор на вознемирувањето на работното од страна на неговиот поранешен работодавец. Елмер додал дека со откривањето на тајните банкарски информации за даночните власти, медиумите а потоа и до WikiLeaks, тој се обидел да разобличи големи бизнисмени и влијателни политичари коишто затајувале даноци. Педесет ипет-годишниот Елмер мина еден месец во истражен притвор во 2005 г. кога првпат беше подигнато обвинение против него.„Јас сум критичар на системот и сакам да ја кажам на јавноста вистината што се случува во овие лигави оази“, изјави Елмер кој на Кајмански Острови ја водел филијалата на швајцарската банка со услуги за богатите клиенти.Елмер на прес-конференција пред судењето изјави дека банката кон него и неговото семејство спроведувала „психотерор“ и му нуделе награда од 500 илјади франци да молчи. Меѓутоа Елемр кој работел за уште две значајни швајцарски панки Credit Suisse и KPMG негирал дека му се заканувал на работодавачот, и изјавил дека тој никогаш не добил пари за откривање доверливи информации за клиенти на банката. Во понеделникот, Елмер во Лондон на основачот Џулијан Асанж на фамозната интернет страница која се прослави со објавувањето на тајните документи на американската армија за војните во Ирак и во Авганистан, како и тајната преписка меѓу дипломатсктие претставници на САД ширум светот и Стејт департментот, му даде дискови со информации за повеќе од две илјади офшор банкарски сметки на јавните личности од САД и Велика Британија и некои азиски земји. Како што претходно самиот Елмер рече во итнервјуто за Reuters, WikiLeaks бил неговата последна надеж да и ги пренесе на јавноста информациите за даночното затајување.Инаку миантат година една од најголемите швајцарски банки USB под притисок на американските судови и Вашингтон беше принудена да ја прекрши фамозната швајцараска банкарска гаранција содржана и во тамошните закони, и до американските правосудни власти да достави 4.500 банкарски досиеја за америкаснки државјани кои затајувале даноци со префрлање пари на оф-шор компании, купувања скапи подароци итн. Под истиот притисок се наоѓаат уште швајцарски банки, а властите протестираа зашто сметаат дека кршењето на славната швјцарска банкарска тајна може да влијае врз кредибилитетот на швајцарскиот банкарски систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.