Свет
Бројот на мртвите во Бразил достигна 741, 207 исчезнати
Најмалку 207 луѓе се уште се водат како исчезнати по најлошите лизгања на земјиштето во Бразил во последните неколку децении, во кој досега се регистрирани 741 човек, пренесува Reuters
Списокот на исчезнати кое вчера го објави канцеларијата на Државниот обвинител на Рио де Жанеиро, прва официјална проценка на бројот на исчезнати по катастрофата која се случи минатата недела, посочува дека бројот на жртвите од свлечиштата може да надмине 1.000.Локалните функционери во најпогодените градови Тересополис и Нова Фрибурго соопштија дека бројот на исчезнати е најмалку 300. За повеќето од нив се верува дека се затрупани по лавината од кал и остатоци, предизвикани од поплавите кои уништија стотици домови.„Постојат семејства кои се толку погодени, што не е останат никој за да потврди кој недостасува“, изјави Роберто Бото, портпаролот на Агенцијата за цивилна заштита во Нова Фрибурго, каде што загинаа најмалку 345 луѓе.Во спасувачките акции се вклучени и воени хеликоптери, кои летаат до непристапните области за да ги соберат преживеаните и да и помогнат да ги откопаат мртвите од нивните уништени домови. Се верува дека уште стотици луѓе се наоѓаат во областите со силен ризик за создавање на нови свлечишта. Некои од нив се отсечени поради уништените патишта и мостови, додека другите одбиваат да ги напуштат домовите, во страв дека ќе бидат ограбени.Официјални лица истакнаа дека поплавите и свлечиштата толку силно ја погодиле областа, што дури и географијата е значително променета.Популистичката политика и недостигот од урбано планирање во поголемиот дел од Бразил доведоа до изградба на цели населби во области со висок ризик од поплави и свлечишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.