Свет
Конгресменката Џифордс префрлена во Хјустон
Демократската конгресменка Габриеле Џифордс денеска, според планираното, е префрлена од болницата во Аризона во рехабилитациониот центар во Хјустон, во сојузната држава Хјустон, пренесе CNN.Конгресменката Габриеле Џифордс на 8-ми јануари за време на средбата со гласачите во градот Тусон, Аризона доби една прострелна рана на главата. Вооружениот напаѓач при нападот уби шест луѓе, а повредени беа повеќе од десетмина. Џифордс која беше застрелана во тилот од далечина помала од еден метар цела седмица беше во критична состојба, а потоа лекарите соопштија дека таа се опоравува. Сега нејзината состојба е оценета како сериозна.Џифордс со возило на Брзата помош била донесена до воениот аеродром во близина на Тусон, во придружба на повеќе полициски автомобили. По улиците на градот колоната возила била проследена од неколку десетици луѓе кои и’ посакаа на конгресменката брзо закрепнување.Џифордс ќе биде подложена на лекување во светски познатиот центар за рехабилитација „ TIRR Memorial Hermann Rehabilitation Hospital“. Терапијата за рехабилитација нема да почне веднаш. Џифордс прво ќе биде хоспитализирана на Одделот за трауматологија на натамошно лекување и оценување на нејзината здравствена состојба.Според се’ судејќи пренесувањето на Џифордс во Хјустон е поврзано со тоа што во овој град работи нејзиниот сопруг, астронаутот Марк Кели. Во Хјустон, тој се подготвуваше за пат во Вселената, каде го затекна атентатот врз неговата сопруга. Кели е шеф на априлската мисија на спејс шатлот „Ендевор“, но се’ уште не е познато дали тој ќе го раководи едно последните патувања на шатлот./крај/цнн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.