Свет
Бајден жали за интервенцијата во Ирак во 2003-та година
Американскиот потпретседател Џо Бајден изрази надеж дека Ирак ќе ја превземе одговорноста за својата безбедност. Сепак додаде дека жали за интервенцијата во оваа земја во 2003 година за време на претседателството на Џорџ Буш. „Кога цивилните органи нема да имаат повеќе потреба од нашата поддршка, Ирак има големи шанси да успее“, рече Бајден, кој е задолжен од претседателот Обама одблиску да ја следи состојбата во Ирак. Потпретседателот, кој како сенатор во 2002 година ја поддржи употребата на сила против диктаторскиот режим на Садам Хусеин, изрази жалење за интервенцијата која започна во 2003-та, како и за жртвите дадени од американската армија.Бајден рече дека претседателот Обама и тој самиот ќе го исполнат ветувањето да ги повлечат американските војници од Ирак, каде во моментов има нешто помалку од 50.000 американски војници. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.