Свет
Демонстранти од сиромашната внатрешност протестираат во Тунис
Демонстранти од сиромашната рурална внатрешност на Тунис денеска протестираа во престолнината, со барање револуцијата кои тие ја започнаа целосно да ја тргне од власт старата гарда , јавува РојтерсСтотици луѓе, кои во престолнината се довезоа со таканаречениот „караван на слободата“, ја опколија зградата на премиерот Махмуд Гануши. Повеќето од нив дојдоа од Сиди Бузид, сиромашно гратче во централен Тунис, каде што започна „ Јасмин револуцијата“ пред еден месец, откако младиот Мухамед Буазизи се самозапали во протест против владеењето на избрканиот претседател Зине ал-Абедин Бен Али. „Ние сме целосно маргинализирани. Нашата земја е во сопственост на владата. Ние не поседуваме ништо“, вели Махфузи Чуки од Сиди Бузид, кој се наоѓа на 300 километри јужно од престолнината и претставува сосема поинаков свет од оној на блескавите крајбрежни одморалишта коишто ги форсираше елитата на Бен Али. Тие се цврсто решени да не дозволат спомените на Буазизи и на десетиците други луѓе кои загинаа во протестите да завршат со формирање на влада доминирана од послушниците на избрканиот претседател. „Брат ми излегол од местото каде што работи за да си оди дома и снајпер го погодил во градите. Сакам правда за него и сакам оваа влада да си замине“, вели еден од демонстрантите.Поранешните членови на партијата РЦД на Бен Али ги задржаа клучните позиции во владата, како што се внатрешните работи, одбраната и надворешните работи. На претставниците на помалите партии кои беа толерирани во времето на владеењето на Бен Али им беше дозволено да заземат некои од понебитните ресори.Револтот во Тунис поттикна бран на протести ширум арапскиот свет, од страна на милионите кои страдаат од невработеност, растечки цени и репресивно владеење на елитите поддржани од западот како браник од исламските фундаменталисти. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.