Свет
Најсмртоносните терористички напади во Русија
Москва го доживеа вториот терористички напад за само 12 месеци, при што експлозија на бомба во најфреквентниот московски аеродром Домодедово уби најмалку 35 луѓе
Следуваат фактите за најсмртоносните терористички напади во Русија во последната деценија.1999 година – На 8-ми септември 1999 г. два ката на деветкатната станбена зграда на улицата „Гурјанов“ во југоисточна Москва беа кренати во воздух, при што загинаа 106 луѓе, а беа повредени преку 200; Пет дена подоцна, осумкатен станбен блок на автопатот „Каширскоје“ исто така беше кренат во воздух, при што загинаа 124 луѓе. 2002 година – На 9-ти мај 2002 г. експлозија во текот на воена парада во градот Каспијск, во јужната руска кавкаска република Дагестан, уби 44 луѓе и рани 133; На 23-ти октомври 2002 г. околу 50 вооружени чеченски борци заземаа театар во Москва, каде што преку 800 луѓе гледаа претстава. Преку 120 заложници загинаа кога безбедносните сили ја нападнаа зградата со гас; На 27-ми декември 2002 г. три бомбаша–самоубијци удрија со своите возила во зградата на чеченската влада во Грозни. Во нападот загинаа 83 луѓе, а 210 беа ранети.2009 година – На 27 ноември оваа година бомба експлодираше во експресниот воз „Невски“ , кој сообраќаше помеѓу Москва и Санкт Петербург, при што беа убиени 27 луѓе.2010 година – Во текот на утринскиот шпиц на 29-ти март, две жени бомбаши – самоубијци се разнесоа себе си во две различни станици на московското метро (Љубјанка и Паркот на културата). Најмалку 40 луѓе беа убиени, а повеќе од 100 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.