Свет
Ликвидирани исламистички терористи во Дагестан
Убиениот денеска во близина на градот Хасавјурт, Адем Хусејинов, бил вториот човек во хиерархијата на вооружените групации во Дагестан и бил вмешан во терористичкиот напад врз база на Министерството за внатрешни работи во октомври 2010 г, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет (НАК). Операцијата на специјалните сили на министерството на северно-кавкаската република Дагестан во четвртокот беше спроведувана во селото Северниј, во близината на Хасавјурт. Според соопштението на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во судирот биле ликвидирани двајца милитанти, додека немало настрадани во редовите на безбедносните сили. Како што пренесува РИА Новости повикувајќи се на извори од Оперативниот штаб на Националниот комитет за антитероризам во Дагестан, во акцијата покрај Адем Хусејинов била убиена и вооружена жена, за којашто се претпоставува дека е неговата сопруга. „Самиот Хусејинов, кој потекнува од Муцаал во Хасавјуртската област на Дагестан, во 2003 г. престојувал во Чеченија, каде што бил обучуван во воени логори и во камповите за обука на потенцијалните бомбаши-самоубијци. Во 2004 г. по него е распишана федерална потерница, а во 2008 г. тој и се приклучил на вооружената група на Асхаб Бидаев а по ликвидирањето на Бидаев и се приклучил на бандата на Умалат Магомедов. По ликвидацијата на последниот на 31-ви декември 2009 г., Хусејинов беше назначен за командант на Исрапил Вилиџанов за ткн. Северен фронт на Вилаетот Дагестан на Емиратот Кавказ“, изјавил безбедносниот извор на агенцијата.Според него, Хусејинов бил водач на групата којашто дејствувала во Хасавјуртската, Новолакската и Казбешката област на Дагестан. „Неговата група беше вмешана во бројни напади и убиства на полициски службеници, обидот за атентат врз началникот на Хасавјуртската област, Џамбул Салавов, подметнување пожари и експлозии во кафулиња и други јавни објекти како продавници, вклучувајќи ги и последните случаи на киднапирања и изнудување пари од бизнисмени, како и терористичкиот напад од 23-ти октомври 2010 г. во Хасавјурт врз полициската база“, се истакнува во официјалното соопштение на дагестанската полиција./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.