Свет
Ахмад Шафик е именуван за егиептски премиер
Министерот за авијација, генералот Ахмад Шафик во сабота е ополномоштен од претседателот Хосни Мубарак за составување на новата египетска влада и на оваа функција го заменува Ахмад Назиф, соопшти египетската државна телевизија, пренесе AFP
Ахмад Шафик е личноста која има огромен углед меѓу егиептската елита, а е многу почитуван и во редовите на опозицијата. Тој од многуте аналитичари е посочуван како најверојатен наследник на претседателот Хосни Мубарак.Претходно Мубарак првапт во неговото 30-годишно владеење именуваше свој потпретседател. На оваа функција е именуван поранешниот началник на египетската разузнавачка служба, Омар Сулејман. Во меѓувреме протестите во Египет се продолжени и покрај тоа што во саботата во 16 часот по локално време, властите го продолжија полицискиот час. Арапската телевизија Ал Џазира јавува дека во сабота попладне тројца демонстрантите се убиени кога околу илјада луѓе се обиделе да влезат во зградата на египетското министерство за внатрешни работи. Според последните извештаи кои овицијално не се потврдени, во безредијата во неколку поголеми градови во Египет загианти се 46 лица а ранети се повеќе од две илјади. Претходно порталот Al-Arabia пренесе дека и покрај безредијата не се предвидени предвремени избори. Следните избори, пак, – претседателските, се закажани за септември оваа година.. По објавувањето на оставката на владата демонстрантите продолжија со своите протести, барајќи „целосна промена на режимот“. Потребата од „радикални измени“ беше прокламирана од опозициските партии, кои бараат распуштање на парламентот и укинување на вонредната состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.