Свет
Масовно бегство од егиептски затвор
Илјадници затвореници во организирано бегства побегнале во саботата навечер од затворот Вади Натру, околу 100 километри северно од Каиро, соопшти извор од безбедносните сили
Според него, илјадници затвореници, меѓу кои голем број муслимански екстремисти кои се повеќе години во затвор, како и обични криминалци, побегнале ноќеска по востанието во затворот во кое сакале да им го одземат оружјето на чуварите.Војската го повика народот сам да се заштити од грабежи. Организирани се чуварите на квартовите вооружени со шипки за да ги штитат жителите од бројните хулигани и грабежи.Војската исто така го повика населението во Каиро, Александрија и Суец да го почитуваат полицискиот час кој е на сила од 14 попладне до 6 наутро.Најмалку 102 лица загинаа, а илјада се повредени во Египет од почетокот на антивладините демонстрации во вторникот, соопштија денеска безбедносните и болничките извори.Само во саботата се збаележани 33 загинати лица. Според претходниот биланс во нередите загинаа 92 лица. Оваа најмногубројната африканска земја со 80 милиони жители од вторникот е потресена од најголемите демонстрации против режимот на Хосни Мубарак, кој е на власт 30 години.Десетици илјади Египќани вчера и покрај полицискиот час излегоа на улиците на Каиро и другите градови, петти ден од протестот барајќи оставка од Мубарак. Демонстрантите протестираат поради невработеноста, сиромаштијата и барањето за слобода на изразување.Нешто по полноќ, околу илјада демонстранти се уште се наоѓале на главниот плоштад во Каиро, каде се гледале натписи „Не Мубарак“, „Доле Мубарак“.Мубарак се обиде да го смири народот со промена на владата, кога го замени премиерот и првпат од кога е на власт именува потпретседател на државата. На местото потпретседател го постави својот близок соработник, шефот на службата за разузнавање Омар Сулејмани, а за нов премиер, министерот за авијација Ахмад Шафик, кој ужива голем углед меѓу населението.Истакнатиот египетски опозиционер, поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија и нобеловецот Мохамед Ел Барадеј, оцени дека промената на владата е недоволна и му порача на Мубарак да си оди што побрзо.Од светот стигнаа бројни повици за реформи и крај на насилството, додека Мубарак дава впечаток дека сака да ја задржи власта.На Мубарак солидарност му изразија саудиските и палестински лидери. Американскиот претседател Барак Обама повторно го повика Мубарак, кој е главен сојузник на САД во арапскиот свет, да спроведе реформи и да покаже воздржаност.Во заедничка изјава, лидерите на Франција, Германија и Велика Британија ја повикаа египетската власт да почне процес на промени и да ја избегне употребата на сила.Според наводите на безбедносните служби, околу 60 отсто од полициските станици се запалени, од кои 17 во Каиро. Странците почнаа да ја напуштаат египетската престолнина, каде има бројни грабежи или се собираат во големите хотели кои се подобро заштитени.Мобилните телефонски линии кои беа прекинати за да се спречат демонстрантите да организираат собири, делумно се повторно воспоставени, додека интернетот е и понатаму во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.