Свет
Во новите меѓурелигиски судири во Нигерија загинаа 35 лица
Триесет ипет луѓе се убиени во меѓу-верските судири во централна Нигерија, откако група муслимански тинејџери од градот Тафава-Балева започнала расправија со сопственик на играчница, христијанин по вера при што запалиле една маса за бiлијард, соопшти AFP
Според агенцијата, инцидентот што се случи во вечерта кон четвртокот што бил поводот за почеток на меѓу-верските масовни судири меѓу претставници на христијанската и исламската заедница, во кои во градот биле запалени 50 куќи и пет џамии. Првично, полицијата ги презентираше податоците за четири жртви. Во март минатата година, во немирите во централниот дел од земјата загинаа најмалку 500 лица, а два месеца претходно во верскиот конфликт загинаа најмалку 326 луѓе .Големи судири меѓу етничките и религиозните групи се случуваат постојано во покраината Џос во ноември 2008 г. која е на границата на раздвојување на муслиманите и христијаните,. Тогаш во истоимениот град загинаа 381 луѓе, а во бранот погроми беа запалени околу 100 куќи, како и цркви и џамии. Судирите избувнаа во близина на Џос и годинава во пресрет на католичкиот Божик, кога едно од блиските села беше потресено од седум експлозии во кои 86 луѓе беа убиени, а повеќе од 189 беа повредени. Одговорноста за овие напади ја презеде исламистичка група „Следбениците на учењето на пророкот Мухамед и борците на џихадот“ за којашто се претпоставува дека е водена од радикална секта Боко Харам. Нигерија, со население од околу 150 милиони луѓе е најнаселената земја во Африка. Градот Џос се наоѓа во централниот дел од државата и цсушност претставува линија на одвојувањето на христијанскиот и анимистичкиот југ од муслиманскиот северен дел.Во март годинава, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири секташки во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите исто така се случија во близината на градот Џос.. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртвите на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 г ,, кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 г.. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.