Свет
Судир на војската и полицијата во Сомалија
Шеснаесет лица загинаа во судирите помеѓу војската на сомалиската влада и полицијата во главниот град Могадишу, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на изјави на очевидци
Борбите започнале кога полицијата застрелала еден војник, облечен во цивилна облека, под сомнение дека е исламистички бунтовник. Полицискиот офицер Ахмед Нур, изјави дека потоа други војници дошле на местото на инцидентот и ја нападнале полицијата. Странските известувачи пренесуваат дека во болницата Медина виделе 16 тела, некои носеле униформи, а некои од застреланите биле жени.Претседателот на Сомалија, Шараф Шеик Ахмед од 2009 година се наоѓа на чело на преодната влада, која има поддршка од меѓународната заедница. Сомалиската преодна влада контролира само неколку квартови во Могадишу, благодарение на 8.000 мировници од Африканската унија.На силите на претседателот се спортиставува исламистичката група Ал шебаб, која се залага за почитување на строгата верзија на исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.