Свет
Воени преговори меѓу Северна и Јужна Кореа на 8 февруари
Северна и Јужна Кореа се сложија на 8 февруари да ги почнат воените преговори во пограничната демилитаризирана зона Панмуџон, соопшти денеска јужнокорејското министерство за одбрана.Ова ќе биде прв состанок на двата соседи откако Северна Кореа го бомбардираше јужнокорејскиот остров во спорните води на 23 ноември минатата година.Целта на овие подготвителни разговори е да се одреди дата, дневен ред и место на воените преговори на високо ниво, веројатно меѓу двајцата министри за надворешни работи, с е наведува во соопштението на јужнокорејското министерство.Во соопштението, меѓутоа, се додава дека состанокот на двајцата министри не може да се одржи додека Пјонгјанг не превземе одговорност за двата сериозни инцидента што се случија во 2010 година и додека не вети дека нема да се повторат.Поради тие инциденти тензиите меѓу двете земји го достигнаа врвот во текот на минатата година и предизвикаа загриженост поради можност за нова војна на Корејскиот полуостров.Нешто пред објавувањето на датумот за разговорите, јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак, ја повика Северна Кореа да ја искористи шансата и рече дека е можно да се одржи самит меѓу двете земји.„Северна Кореа“ има добра шанса да го смени своето однесување“, рече Ли и додаде дека има голема надеж за промени.Лидерите на двете Кореи првиот самит го одржаа во 2000, а вториот во 2007 година./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.