Свет
Зимска бура и се заканува на третина од САД
Силна зимска бура со снег и мраз и се заканува на третина од територијата на САД, од Карпестите планини до Нова Англија на исток.Најголема опасност им се заканува на градовите Сент Луис, Канзас Сити и Милвоки, каде се очекуваат снежни наноси од околу 60 сантиметри, а за Чикаго се прогнозираат едни од најсилните невремиња во историјата на градот.Телевизиските временски прогнози ги советуваат граѓаните да се тргнат од улиците и од отворените простори.Метеоролозите предупредуваат дека ниту топлите краеви нема да бидат целосно безбедни, бидејќи истиот временски систем може да покрене низа торнада на југот на САД.Гувернерот на Мисури веќе прогласи вонредна ситуација. Во таа држава се предвидува посебна смеса составена од неколку сантиметри мраз и околу 20 сантиметри снег.Во Чикаго се очекува да падне снег до половина метар, што би можело да доведе до прекин на животот во градот.Дури и кога снегот ќе престане да паѓа, се предвидува пад на температурите, се до минус 40 степени целзиусови во Северна и Јужна Дакота и уште во некои краеви на САД.Во Вашингтон поради очекуваните мразеви, федералната влада денеска им одобри на своите службеници да земат слободен ден или да работат од дома. крај/блиц/ к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.