Свет
Мубарак објави дека нема да се кандидира на изборите во септември
Претседателот на Египет Хосни Мубарак нема да се кандидира за нов, шести мандат како претседател на нареднитe редовни претседателски избори во септември
„Сакам да им кажам на сите дека никогаш и немав намера да кандидирам за наредните избори. Јас и онака доволно време минав на власт“, рече во својот говор египетскиот претседател Хосни Мубарак во обраќањето до нацијата на националната телевизија во вторникот доцна навечер, прeнесе Al Arabia.Она што е странските медиуми го истакнуваат како најважно во говорот на Мубарак, е како што и беше навестено, дека тој нема да ја напушти претседателската функцијата до изборите во септември 2011 г. „Независно од работите кои последните денови се случуваа во Египет, јас веќе од порано одлучив да не се кандидирам на следните претседателски избори. Во овие неколку месеци колку што преостануваат до крајот на мојот мандат ќе сторам се да ги трансформирам работите, а парламентот ќе го замолам да ги забрза процесите за распишување на изборите“, истакна Мубарак. На потег сега е египетската опозиција, нивниот лидер Мохамед Ел Барадеј, претходно денеска на Мубарак му даде рок до петок да ја предаде власта. Пред обраќањето до народот Хосни Мубарак имаше средба со специјалниот пратеник и поранешен амбасадор на САД во Египет, Френк Визнер, кој му ја пренел пораката на американскиот претседател Барак Обама.„Пораката која ја пренесе Визнер не е директно барање, Мубарак веднаш да ја напушти власта. Во пораката му се советува да започне процес на реформи кои ќе кулминираат со слободни и фер избори во септември, кога ќе се избира нов претседател“, пишува интернет страницата на весникот The New York Times, повикувајќи се на дипломатски извори. Демонстрантите кои веќе една недела на улиците на Каиро и други египетски градови бараат оставка од Мубарак, која на претседателската функција се наоѓа од 1981 г.Во вторникот во главниот град Каиро и во сите провинции на Египет започна протестната масовна акција „Марш на милионите“ со којашто се бара оставка од претседателот Хосни Мубарак. Според информациите на арапската телевизиска мрежа Al Jazeera, засега на плоштадот Тахрир се собрале околу 250 илјади луѓе, а во централното подрачје на Каиро, на мостовите, улиците и плоштадите според проценката на изворот имало околу два милиона луѓе.Претходно вечерва претставник на потпретседателот на Египет, Омар Сулејман, разговарал со лидерите на демонстрантите на плоштадот Тахрир за барањата на демонстрантите и за акциите на египетсктие власти за извлеквуање на земјата од кризата, јави Al Arabia.Сулејман претходно изјави дека е неопходен дијалог со опозицијата за решавање на комплексната ситуација во Египет и веќе се консултирал со своите соработници за отпочнување на дијалогот.Истовремено, демонстрантите, и покрај големите отстапки од страна на властите, категорично одбија да се вклучат во дијалог со нејзините претставници и уште еднаш побараа целосна промена на режимот.Од 25-ти јануари Египет го зафатија масовни протести со барањата за промена на режимот и за спроведување итни економски и политички реформи. Во безредијата придружени со ограбување и подметнување пожари, загинаа околу 150 луѓе, а околу четири илјади се ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото по петти пат од почетокот на ескалацијата во Газа, тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе ширум светот. Во земјите кои доставуваат оружје за Западен Ерусалим се почесто се слушаат гласовите на оние кои се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: Нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки за време нападoт на Израел, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024
Свет
Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел
САД го ограничија патувањето за персоналот на нивната амбасада во Израел и членовите на нивните семејства „од претпазливост“ по извештаите за израелски одмазднички напад врз Иран.
Амбасадата соопшти дека на персоналот им било кажано да не патуваат надвор од поширокиот регион на Тел Авив – вклучувајќи ги Херцлија, Нетања и Дури Јехуда – и областите Ерусалим и Беер Шева до понатамошно известување.
„Безбедносната средина останува сложена и може брзо да се менува во зависност од политичката ситуација и неодамнешните настани“, се вели во соопштението објавено утрово.