Свет
Над 60.000 евакуирани по земјотресот во Кина

Кинеските власти евакуирале 64.500 жители од руралните подрачја на југозападот на Кина, по земјотресот што предизвика штета на стотици куќи, јавуваат кинеските медиуми.
Земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтер го погоди подрачјето на покраината Јунан, соопшти Американскиот геофизички институт, пренесува агенцијата Франс прес.
Во земјотресот немало жртви. Вкупно 678 куќи биле оштетени, а само една била урната. Земјотресот се случил во време кога во Кина се слави лунарната Нова година. /крај/афп/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да успее.
„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И конечно да го скрши. Тоа нема да работи. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградата по повод Денот на хероите на татковината, одржана на 8 декември, а снимки од церемонијата денеска објави новинар на ТВ Русија-1.
Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.
Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.
Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.
Регион
Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.
Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.
Трупот на мажот бил обезглавен.
Телото и главата се на исто место.
Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала во Перу

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 91 километар југозападно од градот Писко, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.