Свет
Тројца мртви и 30 повредени во експлозијата во Анкара
Три лица загинаа а 30 се повредени во денешната експлозија во фабрика за генератори во Анкара, соопшти Јашар Фети, локален функционер за турската телевизија NTV, пренесува агенцијата АFP
Според Јашар Фети, до несреќата најверојатно дошло поради истекување на гас во котларницата на зградата, што резултирало со експлозија.Од силината на експлозијата се урнале два ката на четирикатницата која се наоѓа во индустриската и трговска зона на Анкара, ОСТИМ.Фети наведе дека во моментот на експлозијата во фабриката се наоѓале 80 работници, при тоа додавајќи дека можно е дел од нив да останале затрупани под урнатините.Спасувачките екипи се на лице место и се обидуваат да дојдат до настраданите.Во силната експлозија што одекна утрово во индустриската зона ОСТИМ во близина на главниот град на Турција, урнати се два ката од трговскиот центар „Мега-Центар“ во чии урнатини се верува дека има меѓу 40 – 50 лица. На местото на несреќата се присутни 25 пожарникарски и 15 болнички возила, јавува телевизијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД и Британија воведоа санкции кон Иран, насочени кон производителите на дронови
Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции против Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“, потег по нападите врз Израел минатиот викенд, соопшти американското Министерство за финансии.
„Санкциите на Вашингтон се насочени кон 16 поединци и два ентитети кои овозможуваат производство на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и дроновите Шахед користени за време на нападот на 13 април“, се вели во соопштението.
Денеска официјално беше објавено дека Велика Британија воведе санкции и за иранските воени субјекти, вклучително и Генералштабот на вооружените сили и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
И овие мерки следеа по иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел минатиот викенд. Британскиот премиер Риши Сунак во понеделникот изјави дека членовите на групата Г7 работат на пакет координирани мерки против Иран.
Британските санкции се насочени кон вкупно 13 субјекти или поединци, се наведува во британското соопштение.
Свет
Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште во Франција, напаѓачот е приведен
Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож во близина на нивното училиште во Софелвејерсхајм, источна Франција, соопштија властите.
Според жандармеријата, 11-годишно девојче било повредено со нож пред училиштето, а друго е избодено на блискиот плоштад. Имаат површни рани и се хоспитализирани.
Напаѓачот бил приведен нешто по 14 часот и 15 минути на плоштадот. Тој веќе немал нож во раката и не пружал отпор.
„Човекот не е познат на службите и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализација“, соопшти жандармеријата.
Децата биле задржани на училиште. Родителите ги чекале пред училиштето каде се распоредени неколку противпожарни возила.
„Навистина се плашам. Ни рекоа дека децата се безбедни внатре, но не знаеме кога ќе можеме да ги земеме“, рече Сара, една од мајките чие дете е на училиште.
Свет
Патник загина на летот на Рајанер над Италија, со него била и неговата бремена сопруга
Вчера, 33-годишен маж загина на летот на Рајанер над Италија додека неговата бремена сопруга седела во вториот, заден дел од авионот. Според италијанските медиуми, мажот починал од срцев удар.
Откако вчера наутро му се слошило на летот од Торино до Ламеција Терме, двајца патници обучени за давање медицинска помош се обиделе да го спасат, а персоналот на авионот бил принуден да влезе со дефибрилатор, пишува LaStampa. Авионот се вратил во Торино 30 минути по полетувањето, влетале лекарите, но на лице место била констатирана смрт на човекот.
Неговата сопруга дознала за неговата смрт дури откако авионот се вратил во Торино бидејќи седела далеку од него во задниот дел од авионот. Локалните медиуми јавуваат дека таа била однесена во блиската болница Сирие во состојба на шок.
По трагедијата, имаше тврдења дека спасувачките екипи доцнеле на аеродромот. Сепак, овие тврдења се отфрлени, а локалната здравствена власт соопшти дека биле подготвени да пружат помош веднаш по слетувањето на авионот.