Свет
Антивладините демонстранти во Каиро го возвратија ударот
Антивладините демонстрант во Каиро попладнево возвратија на нападите од поддржувачите на претседателот Хосни Мубарак и ги избркаа од плоштадот Тарир и некои улички околу плоштадот кои беа под нивна контрола, јавува BBCКамења летале од двете страни, а биле слушнати и истрели од огнено оружје. Се чини дека армијата, која цел ден се обидува да ги раздвои завојуваните страни, целосно ја изгубила контролата врз толпата. До обновените судири дошло во моментот кога потпретседателот Омар Силејман во обраќање до јавноста соопшти дека синот на Мубарак, Гамал, нема да се кандидира за претседател на државата. Од почетокот на пресметките помеѓу провладините и антивладините демонстранти официјално загинале девет лица, а преку 800 се ранети. Според непотврдени извештаи, во многу делови на Каиро владеењето на законот е целосно прекинато. Еден од најголемите трговски центри во Египет, кој се наоѓа во предградие на Каиро, е целосно ограбен, а сега го чува армиски тенкови. Исто така непотврдени извештаи говорат за невидено насилство помеѓу бандите кои ја користат состојбата за грабежи и самоорганизираните жители. Во еден случај заробен човек бил претепан, завиткан во ќебе и фрлен од кровот на десеткатница. Очевидците тврдат и дека на теренот повеќе нема доволен број на провладини демонстранти за да дојде до насилства какви што имаше во изминатите 24 часа. Но познавачите на состојбата стравуваат дека такви насилства може да се очекуваат утре, кога илјадници антивладини демонстранти најавија повторно марширање кон центарот на Каиро. Претходно, новоназначениот премиер Ахмед Шафик и се извини јавноста поради насилствата и вети дека ќе изврши детална истрага за тоа кој ги започна и кој учествувал во нив. Шафик тврди дека новата влада не ги испровоцирала насилствата, како што се тврди и дека не знае кои се вооружените луѓе кои вчера попладне ги нападнаа антивладините демонстранти на плоштадот Тарир. Опозицијата во Египет и натаму останува на својот став Мубарак да си замине од власта веднаш, а не по девет месеци кога му завршува петтиот мандат како претседател на Египет и добиваат какви и да било преговори пред тоа да се случи. Тие добиваат и се погласна поддршка од западните демократии, кои беа најголеми сојузници на претседателот Мубарак.„Овој процес на транзиција на власта мора да започне веднаш“ се вели во денешното писмо на лидерите на Франција, Германија, Британија, Италија и Шпанија. Ним подоцна им се приклучи и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Ставот на западните лидери е идентичен со пораката која вчера до Мубарак ја упати американскиот претседател Барак Обама. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.