Свет
Обновени судири во Каиро, најмалку осум загинати
Антивладините демонстрант во Каиро во четврток попладне возвратија на нападите од поддржувачите на претседателот Хосни Мубарак и ги избркаа од плоштадот Тарир и некои улички околу плоштадот кои беа под нивна контрола
Бројката загинати во судиреите на каирскиот плоштад Тахрир се зе зголеми на осум, додека според египетскиот министер за здравство Ахмед Самих Фарид, најмалку 900 луѓе се повредени.Според некои информации од двата спротиставени табора, бројката загинати во дводневните судири меѓу поддржувачите на претседателот Хосни Мубарак и на опозицијата, се загинати до 15 луѓе, додека ранети се околу 1.500 луѓе. Во судирите биле употребени камења и стапови, а се слушале и истрели од огнено оружје. Дописниците на светските агенции јавуваат дека се чини дека армијата, која цел ден се обидува да ги раздвои завојуваните страни, целосно ја изгубила контролата врз толпата. До обновените судири дошло во моментот кога потпретседателот Омар Сулејман во обраќање до јавноста соопшти дека синот на Мубарак, Гамал Мубарак, нема да се кандидира за претседател на државата. Според непотврдени извештаи, во многу делови на Каиро владеењето на законот е целосно прекинато. Еден од најголемите трговски центри во Египет, кој се наоѓа во предградие на Каиро, е целосно ограбен, а сега го чува армиски тенкови. Исто така непотврдени извештаи говорат за невидено насилство помеѓу бандите кои ја користат состојбата за грабежи и самоорганизираните жители. Во еден случај заробен човек бил претепан, завиткан во ќебе и фрлен од кровот на десеткатница. Очевидците тврдат и дека на теренот повеќе нема доволен број на провладини демонстранти за да дојде до насилства какви што имаше во изминатите 24 часа. Но познавачите на состојбата стравуваат дека такви насилства може да се очекуваат утре, кога илјадници антивладини демонстранти најавија повторно марширање кон центарот на Каиро. Претходно, новоназначениот премиер Ахмед Шафик и’ се извини јавноста поради насилствата и вети дека ќе изврши детална истрага за тоа кој ги започна и кој учествувал во нив. Шафик тврди дека новата влада не ги испровоцирала насилствата, како што се тврди и дека не знае кои се вооружените луѓе кои вчера попладне ги нападнаа антивладините демонстранти на плоштадот Тарир. Опозицијата во Египет и натаму останува на својот став Мубарак да си замине од власта веднаш, а не по девет месеци кога му завршува петтиот мандат како претседател на Египет и добиваат какви и да било преговори пред тоа да се случи. Тие добиваат и се погласна поддршка од западните демократии, кои беа најголеми сојузници на претседателот Мубарак.„Овој процес на транзиција на власта мора да започне веднаш“ се вели во денешното писмо на лидерите на Франција, Германија, Британија, Италија и Шпанија. Ним подоцна им се приклучи и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Ставот на западните лидери е идентичен со пораката која вчера до Мубарак ја упати американскиот претседател Барак Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез
Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.
Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.
Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.
Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.
Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.
Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.
Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.
Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.
Свет
Захарова: Лицемерниот Запад бара Србија да заборави кој ја бомбардирал
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите потсети на годишнината од бомбардирањето на Радио и телевизија на Србија, кога загинаа 16 вработени и уште еднаш укажа колку Западот е подготвен да ги погази сите норми и правила. Згора на тоа, сега се бара од Србија да го заборави тоа, изјави таа.
Таа нагласи дека бомбардирањето на РТС не само што поминало неказнето, туку дека НАТО го објаснил како неопходност од војна.
„Она што тогаш се применуваше во Србија, сега се прави во Украина“, рече Захарова на брифингот и укажа на убиството на руски воен известувач од режимот во Киев, платен од Западот.
И како да не беше доволно тоа што и го направија на Србија тогаш, додаде таа, но денес се бара да се заборави бомбардирањето, се спроведува нов јапонски експеримент.
„Тогаш ја бомбардираа Јапонија, а денес се принудени да ја заборават. Сега се обидуваат да ја натераат Србија да заборави кој ја бомбардирал, 2.500 жртви од кои 89 деца, уништена инфраструктура, загуби кои се мерат во милијарди.
Сакаат да ја свртат страницата на историјата, но всушност да ја принудат Србија да ја откине таа страница од целата историја, како што беше случајот со Јапонија“.
Лицемерието на Западот нема граници, студиозно го игнорира нападот на зградата на РТС во Белград на 23 април 1999 година, истакна Захарова.
Европа
Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија, ни треба нуклеарно оружје
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се соочува со сериозни внатрешни и надворешни закани поради кои треба да го промени својот безбедносен став и да и дозволи на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија.
Лукашенко, без да обезбеди докази, рече дека белоруската опозиција планира да окупира дел од западот на земјата и да побара поддршка од трупите на НАТО, тврдење што опозицијата го отфрли, нарекувајќи го апсурдно.
На истиот состанок, Иван Тертел, шеф на белоруската безбедносна служба КГБ, рече дека неговите оперативци спречиле напади врз главниот град Минск со беспилотни летала лансирани од членката на НАТО Литванија, но таа земја негира дека организирала каков било напад.
Тертел, исто така, тврди дека белоруските безбедносни сили секојдневно се обидуваат да спречат постојани обиди за шверц на оружје од Украина во Белорусија „со цел таму да извршат саботажа и терористички напади“.
Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, често ги истакнува опасностите од нападите на НАТО или Украина, со што ја оправдува блиската воена интеграција со Русија и постојаното одржување на одбранбениот и безбедносниот апарат во состојба на висока готовност.
Лукашенко зборуваше на состанокот на Белорускиот национален конгрес, уставно тело составено од 1.200 пратеници. На состанокот треба да се одобри ажурираниот концепт за национална безбедност и воената доктрина на Белорусија.
Државната новинска агенција Белта ја објави изјавата на Лукашенко дека „актуелната реалност бара промени во безбедносната положба на земјата“.
„Новата тема на Лукашенко е – нуклеарно одвраќање. Оние кои нè туркаат кон тоа треба да можат рационално да ги согледаат директните последици од нивните, најблаго речено, непромислени одлуки“, пишува Белта.
Руски Тасс ја пренесува изјавата на Лукашенко дека во Белорусија се распоредени „неколку десетици парчиња“ руско тактичко нуклеарно оружје во согласност со договорот што тој и Путин го објавија минатата година. Тоа е прв пат Русија да распореди нуклеарни ракети во странска земја од советската ера.
Белоруската опозиција, од кои повеќето лидери се во затвор, а останатите побегнаа во странство, ја исмеа изјавата на Лукашенко дека планираат да окупираат дел од западот на земјата.
„Мислам дека Лукашенко треба да биде коментиран од психотерапевт бидејќи тој живее во свој свет и се чини дека губи допир со реалноста“, рече Франак Виацорка, главен соработник на прогонетиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја.
„Овој конгрес е негов очајнички обид некако да ја врати сопствената доверба, но и да му покаже на надворешниот свет дека сè уште има поддржувачи. Се разбира, најлесниот начин да ги консолидира своите поддржувачи е да создаде чувство дека има надворешни непријатели“, изјави Виацорка за Ројтерс.