Свет
Русија нема да се откаже од Курилските острови
Русија нема „ниту денес, ниту утре“ да се откаже од суверенитетот над Курилските острови над кои исто така велат дека имаат право и Јапонците, изјавил денеска дипломатски советник од Кремљ, Сергеј Приходко, пренесува руската агенција Итар-Тас.Неговата изјава е дадена по многу острите зборови на јапонскиот премиер, Наото Кан, кој денеска ја осуди неодамнешната посета на рускиот претседател, Дмитриј Медведев, на тие острови.Во годишниот говор по повод Денот посветен на тој територијален спор, Кан рече дека посетата на Медведев во ноември претставува „неопростлива навреда“ и дека ќе направи се за да ги поврати четирите острови што ги анкетираше Москва кон крајот на Втората светска војна. Спорот околу островите, кои во Јапонија се нарекуваат северна територија, веќе 65 години го спречуваат потпишувањето на мировниот договор меѓу двете земји.„Ако зборовите на јапонскиот премиер се точно пренесени, тогаш треба да се подготвиме за тежок период“, рекол дипломатскиот претставник на Кремљ.Тоа што Јапонците го нарекуваат навреда, ние го нарекуваме работна посета на рускиот шеф на државата, која секако ќе продолжи и во иднина, додал тој.Медведев на почетокот од ноември 2010 година, беше првиот руски претседател кој ги посети јужните Курили, ланец острови кои се простира јужно од полуостровот Камчатка до северот на Јапонија.Островите му се ветени на Советскиот Сојуз на конференцијата на Јалта во 1945 години, но Јапонија, победената страна во Втората светска војна, тврди дека тие четири острови не припаѓаат на архипелагот Курили, од кој се откажаа на мировната конференција во Сан Франциско во 1951 година./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.