Свет
Најмалку шестмина убиени во бар во Мексико
Непознати напаѓачи отвориле оган во еден бар во мексиканскиот град Гвадалахара, при што најмалку шест лица загинале, а 37 се ранети, изјави јавниот обвинител Томас Халиско Коронадо
Како што пренесуваат мексиканските медиуми, меѓу загинатите се и по еден колумбиски и венецуелски државјанина. Според властите, вооружени мажи се довезле до барот во центарот на градот со три автомобила и отвориле оган врз луѓе во локалот. Притоа, напаѓачите фрлиле и граната. Мотивот за нападот се’ уште не се познати. Според првичните сознанија на истрагата, најверојатно станува збор за пресметка меѓу локалните нарко картели. Гвадалахара е еден од главните туристички и економски центри на Мексико. Минатата недела во градот и околината имаше неколку убиства и блокирањеа на патиштата од страна на бандите. Се претпоставува дека наглиот пораст на насилството во областа е испровоцирано од убиството на еден од локалните нарко барони Игнасио Начо, во јули 2010 г. Начо беше лидер на картелот Синалоа, која ја контролира трговијата со дрога во Гвадалахара. Неговата смрт предизвика вистинска граѓанска војна меѓу картелите Синалоа и Лос Зетас за превласт во централниот дел на Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.