Свет
Пет терористи на Абу Сајаф убиени на Филипините
Филипинската војска во џунглите на јужниот остров Басилан нападнале логор на исламистичката терористичка организација Абу Сајаф, а во битката загинале пет милитанти и двајца војници, јави во неделата AP повикувајќи се на портпаролот на министерството за одбрана, потполковник Рандолф Кабананг
Меѓу убиените во судирот со милитанти е и Џухајбер Аламсирул, најблискиот соработник на лидерот на Абу Сајаф, Нурхасен Џамири. Војската ја продолжува потрагата по Џамири за кого се верува дека е ранет при судир од минатиот месец. Во заземениот исламистички во кампот во близина на селото Баивас, биле пронајдени неколку бункери, како и радиостаници и лични предмети на терористите. Групата Абу Сајаф (Носители на мечот) е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 г. групата го изврши најголемиот во историјата на Филипините терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе. Според филипинскот разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите да и натаму да извршуваат големи терористички напади..крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.