Свет
Најмалку 17 повредени на протестите во Јемен
Најмалку 17 лица се повредени денеска во Јемен во судирите меѓу приврзаниците и противниците на владата, а полицијата во градот Таиз на југот од земјата испалила куршуми во знак на предупредување да запре насилството
Приврзаниците на владата, наоружани со скршени шишиња, ножеви и камења бркаа повеќе илјади антивладини демонстранти во Сана, а полицијата, за да го спречи крвопролевањето и да ги раздвои двата табора, неколку илјади учесници на протестот ги изолира на просторот кај Универзитетот во близина на кој е организиран протестот, јавува Reuters.Во паничното бегање на масата повредени се пет лица, а еден фотограф на BBC полицијата го претепала, наведува неименуван полициски извор.Според зборовите на очевидци, уште 12 луѓе се повредени јужно од Сана, во градот Таиз, каде полицијата испалила куршуми кога неколкуте илјади антивладини демонстранти се судриле со владините приврзаници.Интензитетот на протестите во јемен, каде протестите во знак на солидарност со демонстрантите во Египет се претворија во протести против претседателот Али абдулах Салех, се засили од петокот меѓу демонстрантите и полицијата, односно провладините групи.Поради се поголемите немири, претседателот Салех, кој е на власт повеќе од 30 години, понуди значителни отстапки, со повик до опозицијата за дијалог за помирување и ветување дека нема повторно да се кандидира по истекот на мандатот до 2013 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.