Свет
Во Бахреин мирно, кралот и опозицијата преговараат
Илјадници антивладини демонстранти ноќта ја минаа мирно на плоштадот „Перл“, кој стана симбол на нивната кауза, а во престолнината Манама мирот се врати во очекување од резултатите од преговорите помеѓу принцот-престолонаследник шеик Салман бин Хамад ал-Калифа со претставниците на опозицијата, пренесува Reuters„Сите политички партии заслужуваат место на преговарачката маса“, изјави принцот Салман пред почетокот на преговорите и додаде дека кралот го назначил него да ги води преговорите за да изгради доверба со сите вмешани страни. Тој истакна дека на демонстрантите „апсолутно“ ќе им биде дозволено да останат на плоштадот.Според Ибрахим Матар, поранешен пратеник од партијата на шиитското мнозинство, „Вефак“, посочи дека главно барање на опозицијата е владата да ја прифати нивната идеја Бахреин да се претвори во конституционална демократија. Ова барање веќе му е предочено на принцот Салман, за кого се смета дека е реформист. Најмалку шест луѓе загинаа, а стотици беа повредени во неколку дневните судири помеѓу демонстрантите и силите за безбедност. Демонстрантите се претежно припадници на шиитското мнозинство во малото кралство, со кое владее сунитско кралско семејство. „Сметам дека сега постои многу бес, многу тага и во тој контекст сакам да го упатам моето сочувство до семејствата кои ги загубија своите сакани, како и до повредените“, се извини принцот Салман пред почетокот на разговорите. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.