Контакт

Свет

Белгија го надмина светскиот рекорд во денови без влада

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Белгија која е без влада веќе 253 дена, на 17-ти февруари го стигна а сега и го надмина рекордот што му припаѓаше на Ирак, каде беа потребни 249 дена да се постигне договор за поделба на власта меѓу Курдите, сунитите и шиитите, додека во Белгија договорот се уште не е ниту на повидок. Информациите од фламанскиот дневен весник Het Latste Niuz, говорат дека во решавањето на политичката криза според последните предлози би можел да се вклучи и поранешниот фински претседател Марти Ахтисар. На повик на 30-ина здруженија на фламанските и фландриските студенти во главните универзитетски градови во Белгија постојано се организираат собири на кои младите го искажуваат незадоволството заради запаѓањето на земјата во политички ќорсокак и, како што велат, да упатат антисепаратистичка и антинационалистичка порака. Белгискиот суверен – кралот Алберт Втори ја продолжи до 1-ви март посредничката мисија на Валонецот Дидие Рендер, во настојувањата да се постигне договор меѓу фламанските и валонските партии за составување федерална влада, откако веќе изминаа осум месеци од парламентарните избори коишто се одржаа во јуни 2010 г.Сепак, според се судејќи, минимални се шансите да биде постигнат договор во предвидениот рок кој истекува за една седмица. Така, Белгија продолжува да биде водена од влада којашто е задолжена да ги извршува само техничките тековни работи, забалежува AFP. „Разликите се толку големи што би требало да се размислува за именување на некоја личност која не е директно вклучена во политичкиот живот на Белгија, со што би се приближиле ставовите“, вели професорот на Харвард, Роберт Мнукин, за весникот Eko. Токму овој американски аналитичар во овој контекст го споменува поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Марти Ахтисари кој имаше посредничка улога и на Косово, и во Намибија и во Северна Ирска. .„Сиот политички систем е така дизајниран, што двата народа живеат без вистинска поврзаност. Може ли да се подели државата? Да, тоа би можело да се случи во следните 10 години“, вели Мнукин.Како што пишува AFP, се чини дека Белгија се придвижува кон нови избори, кои според некои проценки може да се одржат веќе во мај со можност на натамошна радикализација на состојбите во земјата.Едно од прашањата за кои непомирливо спорат Фламанците и Валонците е судбината на арондисманите во предградијата на главниот град Брисел, кој се наоѓа во Фландрија но каде што живеат околу 130 илјади франкофони. Фламанците сакаат на франкофонското население во овие арондисмани да им се укинат изборните права кои им се дадени во 1960-те.Исто така, Фламанците сакаат и поголема автономија за северниот дел, економски посилна Фландрија во која се зборува на холандски јазик. Политичката поврзаност меѓу Фландрија и Валонија е воспоставена од 1830 г. а почна да слабее од 1970 г. откако досега петпати се додавани амандмани на белгискиот Устав.На парламентарните избори во Белгија што се одржаа на 13-ти јуни 2010 г. победија сепаратистичката фламанска партија N-VA и франкофонските социјалисти. Од тогаш траат преговорите за формирање на коалиционата влада. Белгија го надмина европскиот рекорд според времетраењето на периодот во кој државата е без влада на 11-ти јануари годинава кога изминаа 208 дена, рекорд што дотогаш го држеше Холандија во 1977 г. Белгија од 2007 г. се обидува да ги надмине политичките превирања кои се предизвикани со несогласувањата меѓу фламанските и франкофонските партии околу уредувањето на државата и околу некои финансиски прашања. Последната криза изби откако фламанската либерална партија Open-VLD  минатата година донесе одлука да истапи од владата заради неможноста да се надминат несогласувањата меѓу двете групи партии околу организирањето на изборните единици во дистриктот Брисел./крај/афп/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.

Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Објавено пред

Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал ​​Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.

Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија3 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија3 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија4 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија14 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија16 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија19 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија20 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија20 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....