Свет
Ал Џезеира:Во Триполи се водат тешки борби
Катарската информативна телевизија „Ал Џезеира“ јавува дека по завршувањето на телевизиското обраќање на либискиот лидер Моамер Гадафи, во Триполи започнале тешки престрелки.„Ние не употребивме сила, но можеме да ја примениме во согласност со либиското и со меѓународното право“, изјави Гадафи, чие обраќање до нацијата е емитувано денеска на либиската државна телевизија. Протестите во либиските провинции со кои се бара повлекување од власта на Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата 42 години, почнаа на 15-ти февруари. Според извештаите на арапските медиуми и западните новински агенции, властите брутално ги задушуваат демонстрациите.Гадафи ги повика сите граѓани да им се приклучат на неговите приврзаници, да излезат од своите домови и да ја заштитат стабилноста на државата. Според либискиот водач, во Либија нема војна, туку станувало збор за обид на млади луѓе под влијание на дроги или испровоцирани од криминална сили да ги повторат во земјата случувањата од Тунис и Египет. /крај/аџ/сн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.