Контакт

Свет

Официјална Москва: Во нападот во Северен Кавказ нема жртви

Објавено пред

NULL

dobivaj vesti na viber

Три милитантни групи кои броеле до 12 лица во петокот навечер го нападнаа главниот град на руската република Кабардино Балкарија, Налчик, гранатирјаќи ги зградата на ФСБ и пунктови на сообраќајната полиција, како и санаториумСпоред првичните податоци, во нападите нема жртви, а ранет е еден припадник на службата за помош на патиштата. Напаѓачите се во бегство, пренесува РИА Новости. Ова е еден од најголемите напади на милитантите во Налчик, по нападот на вооружени банди врз градот во октомври 2005 г. Тогаш загинаа речиси 50 лица а 95 напаѓачи беа убиени. Како што соопштил за РИА Новости, портпаролот на Националниот антитерористички комитет (НАК), Николај Синцов, во петокот во центарот на Налчик непознати лица истрелале три гранати во зградата на републичката Федерална служба за безбедност (ФСБ). „Во нападот нема жртви и повредени, а на објектот е причинето незначително оштетување. Истовремено, од огнено оружје било стрелано врз два пункта на сообраќајната полиција, едно  во селото Шалушка, каде е ранет еден инспектор на јавното претпријатие, и во местото Хасанија, каде што нема жртви, Во исто време во кругот на санаториумот „Ленинград“, се случи експлозија на неидентификувана експлозивна направа“, изјавил Синцов. Според информациите на повеќето руски медиуми добиени од различни извори, групите што ги извршиле нападите броеле од десет до 12 лица, се превезувале со возила и нападнале синхронизирано, речиси истовремено околу 20.10 часот по локално време. „Според расположливите оперативни сознанија, бројноста на групите кои ги извршиле нападите изнесувала до 12 лица.. Тие брзо избегале, и по нив е организирана потера. Во градот се воведува планот ’Крепост’, кој претпоставува зголемено обезбедување на објектите“, изјавил соговорник на агенцијата Интерфакс.. Изворот не ја отфрлил можноста дека поради нападите на милитантите во градот ќе бидат разместени дополнителни единици на Внатрешните војски на руското Министерство за внатрешни работи, а областа на градот Налчик може да биде прогласена за зона во којашто се спроведува анти-терористичка операција. Според РИА Новости, неколку извори од пограничните единици на руската граница со Јужна Осетија во петокот попладне изјавиле дека милитантите, наводно, нападнале село во Кабардино-Балкарија. Руските безбедносни сили веднаш ги негираа овие инфорамции. Претставник на Националниот анти-терористички комитет изјавил дека сега ситуацијата во Налчик е под контрола на органите на полицијата. За мерките за нормализирање на ситуацијата во Кабардино-Балкарија, директорот на ФСБ, Александар Бортников, му реферирал на рускиот претседател Дмитриј Медведев, соопшти вечерва прес-службата на Кремљ. Бортников претходно од своите потчинети побарал да се земат сите мерки за откривање и неутрализирање на напаѓачите. По неговата наредба доцна вечерта во петокот во Налчик е одржана седница на оперативниот штаб. Претставникот на рускиот претседател за Северно-Кавкаскиот федерален округ (СКФО) Александар Хлопонин ги координира активностите на безбедносните сили.„Хлопонин се наоѓа во Пјатигорск, а каде е известен за сето она што се случило а тој ги координира активностите на надлежните органи и структури на власта“, изјавила Наталија Платонова од кабинетот на рускиот претседател. Ситуацијата во Кабардино-Балкарија ескалираше на 18-ти февруари, тоа во Баксанскиот регион неидентификувани лица стрелаа врз минибус со туристи од Москва, при што беа убиени три лица а две беа повредени. Во селото Шалушка каде што во петок навечер беше нападнат сообраќаен пункт, ланскиот декември, напаѓачи го застрелаа познатиот општествен деец од Кабардино-Балкарија, Аслан Ципинова а во мобилен полициски пункт беа убиени двајца работници на полицијата. Во средината на истиот месец во Налчик беше убиен претседателот на Духовната муслиманска управа на Кабардино-Балкарија, Анас Пшихачев. Најголемиот напад на бунтовниците во главниот град на Кабардино-Балкарија, беше извршен на 13-ти октомври 2005 г. Тогаш,загинаа 12 цивили и 35 полицајци, а беа убиени 95 напаѓачи. Отпорот на ткн. „џебови“ на бунтовниците конечно беше скршен дури утрото на 14-ти октомври. Тогаш во текот на истрагата, што беше спроведена пред Канцеларијата Генералниот обвинител на Руската Федерација за Јужниот федерален округ, беше подигнато обвинение за кривична одговорност за 59 лица, за 13 од нив обвинителството ја прекрати истрагата во врска со амнестијата, некои беа идентификувани меѓу 95-те убиени, а по 14 обвинети руските органи се уште трага. Обвинителниот акт е сочинет на повеќе од илјада страници, во него вкупно 400 лица се наведени како жртви на различни начини, а како сведоци се набројуваат две илјади имиња. Инаку во петокот руските специјални сили спровеле операција и во Чеченија. Според соопштението на НАК, биле убиени три лица осомничени како водачи на милитантната група во Ачгои-Мартановскиот реон, предводена од Абу Бакар Баталов.. „Специјалната операција беше подготвена од офицерите на ФСБ, кои подготвија според сознанија за подготовка на напад ден претходно. Во операцијата биле запленети експлозиви, елементи на експлозивни направи. Групата од три лица наишла на заседата а откако биле повикани да се предадат тие отвориле оган при што биле ликвидирани. Нивните идентитети се познати, но засега не се соопштуваат“, изјавил за РИА Новости извор од Националниот анти-терористички комитет на Русија./крај/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин

Објавено пред

Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.

Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.

„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.

„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез

Објавено пред

Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.

dobivaj vesti na viber

Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.

Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.

Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.

Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.

Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Лицемерниот Запад бара Србија да заборави кој ја бомбардирал

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите потсети на годишнината од бомбардирањето на Радио и телевизија на Србија, кога загинаа 16 вработени и уште еднаш укажа колку Западот е подготвен да ги погази сите норми и правила. Згора на тоа, сега се бара од Србија да го заборави тоа, изјави таа.

dobivaj vesti na viber

Таа нагласи дека бомбардирањето на РТС не само што поминало неказнето, туку дека НАТО го објаснил како неопходност од војна.

„Она што тогаш се применуваше во Србија, сега се прави во Украина“, рече Захарова на брифингот и укажа на убиството на руски воен известувач од режимот во Киев, платен од Западот.

И како да не беше доволно тоа што и го направија на Србија тогаш, додаде таа, но денес се бара да се заборави бомбардирањето, се спроведува нов јапонски експеримент.

„Тогаш ја бомбардираа Јапонија, а денес се принудени да ја заборават. Сега се обидуваат да ја натераат Србија да заборави кој ја бомбардирал, 2.500 жртви од кои 89 деца, уништена инфраструктура, загуби кои се мерат во милијарди.

Сакаат да ја свртат страницата на историјата, но всушност да ја принудат Србија да ја откине таа страница од целата историја, како што беше случајот со Јапонија“.

Лицемерието на Западот нема граници, студиозно го игнорира нападот на зградата на РТС во Белград на 23 април 1999 година, истакна Захарова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...