Свет
Гадафи ги преживува последните денови
NULL
Либискиот водач практично остана без блиските соработници и опозициските демонстранти набргу ќе победат, изјави во интервју за Euronews, поранешниот шеф на протоколот на Моамер ел-Гадафи, Нури ал-Мисрами, кој сега се наоѓа во Франција. Нури ал-Мисмари коментирајќи ги информациите за масовните оставки и дезертирања на офицери, полициски началници и дипломати, вели дека либискиот водач Гадафи останал опкружен со малку луѓе на кои може вистински да се потпре, и тој веќе не му верува на никого. „Сега, Гадафи е сосема сам, Неговото сегашно окружување го прават синовите, и уште неколку високи функционери кои извршиле кривични дела и сега се плашат дека по падот на Гадафи ќе им се суди“, вели ал-Мисрами за Euronews. Според него, Гадафи ги преживува последните часови и во блиска иднина опозицијата сигурно ќе победи. „Револуционерите ќе победат. Востаничката младина ќе ја прослави победата. Ќе има жртви, ќе има маченици, но тие ќе победат“, вели ал-Мисрами не исклучувајќи ја можноста на користење хемиско оружје против демонстрантите. Ал-Мисрами во 2010 г. пристигна во Франција, каде на 28-ми ноември во близина на Париз беше уапсен на барање на либиските власти, кои го обвинуваат за проневера на јавните фондови. Подоцна судот го ослободи ал-Мисрами од притвор во очекување на официјалните документи од Триполи. Во Либија од 15-ти февруари избувнаа протестите со кои се бара повлекување Моамер Гадафи од власта по 42 години владеење. Властите се обидоа насилно да ги задушат демонстрациите. Според последните информации од меѓународните организации за човекови права, бројката загинати во немирите на целата територија на земјата се искачи до две илјади, додека околу четири илјади се ранети./крај/ен/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.