Свет
Гадафи се сомнева дека Западот го предал и оти сака да ја окупира Либија
Либискиот лидер Моамер ел-Гадафи изјави дека западните земји го предале, и можеби сакаат да ја окупираат Либија.
Тој го изјави ова во понеделникот, во интервју за американската телевизија ABC, британскиот телевизиски канал BBC и британскиот весник Sunday Times, изразувајќи убеденост дека неговито народ неизмерно го љуби. „Изненаден сум, бидејќи ние во сојуз со Западот се боревме против Ал Каеда, а сега кога ние се бориме против терористите, тие нè напуштија. Можеби тие сакаат да ја окупираат Либија“, вели полковникот Моамер ел-Гадафи. Американскиот претседател Барак Обама, Гадафи во итнервјуто го опиша како „добар човек“. Тој е убеден дека Обама е дезинформиран. „Можеби нему му се доставени лажни информации“, вели либискиот водач. Според Гадафи, САД премногу земаат врз себе. „Изјавите, коишто ги слушам од Обама, мора да доаѓаат од некој друг. Америка не е светскиот полицаец“, вели Гадафи. Од средината на февруари во повеќето либиски провинции со жестоки протести се бара Гадафи да се повлече од чело на земјата со која владее 42 години. Според меѓународните организации, безбедносните сили лојални на неговиот режим брутално се обидуваат да ги задушат демонстрациите. Во судирите со безбедносните сили и странски платеници, според овие процени, се убиени до две илјади луѓе, а околу четири илјади се ранети. Заради ситуацијата во Либија, странските држави преземаа операции за масовна евакуација на своите државјани од земјата. Американскиот претседател Барак Обама последните денови во неколку наврати побара од либискиот диктатор да се стави крај на крвопролевањето во земјата и да поднесе оставка, бидејќи тој, според него, целосно ја загубил довербата на населението. Во пресрет на резолуцијата на ОН со која се наметнаа меѓународните санкции против режимот на Гадафи, против него самиот, неговото семејство и блиските соработници, САД еднострано воведоа финансиски санкции и визни санкции за претставници на либиските власти. Треба да се спомене дека и покрај тоа што Гадафи го обвини Обама за непотребна преголема строгост во однос на санкциите, политичките противници го обвинуваат американскиот претседател за задоцнета и премногу воздржана реакција на случувањата во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.