Контакт

Свет

Кинески министер земал повеќе од 122 милиони долари мито

Објавено пред

Кина го отпушти министерот за железници кој е во притвор поради истрагата дека земал повеќе од 800 милиони јуани (122 милиони долари) мито за давање на работни места на реализации на големи градежни проекти на железници во земјата.Кинеските медиуми пишуваат дека Лиу Џиџун, е сменет минатиот месец, кога почна да се расплетува топката на корупцискиот скандал на кинеските железници, еден од најголемите во последните години. Како министер Лиу бил член на Националниот кинески народен конгрес, но поради земањето на пари од изведувачите на проекти, само пет дена пред редовната годишна седница на кинескиот парламент остана и без таа функција.Од кога Лиу станал министер во 2003 година,  трошоците за изградба на брзи железници поминаа над 700 милијарди јуани (80 милиони долари) минатата година, пишува весникот „Глобал тајмс“, наведувајќи дека секој кој сакал да работи некаков проект за железниците морал да одвои четири отсто од вредноста за работата на министерот. Во услови кога Кина и годинава инвестира 106 милиони долари во изградба на железницата, со цел да го оствари зацртаниот план до крајот на годината да ја пушти во сообраќај 13.000 километри брзата железница, Лиу имал неограничено поле на работа и можност да се инсталира на разни работни места ширум земјата.Колку неговиот апетит и отсуството на обзирност зборува за податокот во весниците дека Лиу издржувал дури десет љубовници, од кои некои се и актерки. Така, Лиу (58) е рангиран како највисокиот функционер кој е уапсен поради ширење на корупција во Кина, од кога шефот на партијата Шангај, Чен Лиангју, бил сменет во 2006 година и подоцна осуден поради корупција. Министерот наводно работел преку снабдувачите Динг Шумиао, близок пријател кој исто така е во затвор обвинет за измама во вредност од 422 милиони јуани ( околу 60 милиони долари). Медиумите во Хонг Конг објавија дека братот на Лиу, Лиу Џасианг поранешен функционер на министерството за железници, настрада поради корупцијата и е осуден на одложена смртна казна. /крај/блиц/пк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Објавено пред

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).

Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.

Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Објавено пред

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.

Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Европа

Британски министер: Ковид-пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Објавено пред

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.

„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија3 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ4 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија5 часа

Пандемијата покажа дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, рече професорот Даниловски

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме...

Македонија6 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион7 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет7 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет21 час

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија22 часа

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија23 часа

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија23 часа

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија24 часа

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа1 ден

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија1 ден

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија1 ден

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија1 ден

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија1 ден

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија1 ден

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Досие