Свет
Дваесет загинати во сообраќајна несреќа во Камбоџа

Најмалку дваесет лица загинаа, а осум се тешко повредени во судар на камион и минибус во југозападниот дел на Камбоџа, соопшти полицијата.
Најмалку дваесет лица загинаа, а осум се тешко повредени во судар на камион и минибус во југозападниот дел на Камбоџа, соопшти полицијата. Претставникот на полицијата Прум Пао, рече дека камионот на движејќи се по надолнина, по влажен коловоз, дополнително забрзал и удрил во камион кој превезувал сватови во популарното летувалиште Сихануквил, кое за наоѓа на 185 километри југозападно од Пном Пен. Според податоците на полицијата во несреќата загинале возачите на двете возила и девет жени. Премиерот на Камбоџа, Хун Сен ги повика своите сонародници да ги почитуваат сообраќајните прописи и да возат побавно како би се намалила бројката на сообраќајни несреќи во земјата. Минатата година во сообраќајни несреќи на патиштата во Камбоџа загинале повеќе од 1.700 лица. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Исламска држава презеде одговорност за убиство на три новинарки во Авганистан

Терористичката организација Исламска држава презеде одговорност за напад во кој синоќа биле убиени три новинарки во источен Авганистан.ќ
Разузнавачката група „СИТЕ“ која ги набљудува заканите на џихадистите на интернет, соопшти дека ИД ја презела одговорноста за убиството на три жени, вработени во авганистанската телевизија „Еникас“ во градот Џалалабад, пренесе „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека авганистанските власти претходно потврдиле дека загинале три жени, на возраст од 18 до 20 години, кои работеле како спикерки, а дека четврта жена е тешко повредена, откако на нив вчера пукал непознат напаѓач додека се враќале од работа.
Свет
Тексас контра Бајден: Ги укина рстрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски.
Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот, донесе одлука за укинување на обврската за носење заштитни маски и најави дека повеќето продавници ќе можат да се отворат со полн капацитет следната недела, објави „Ројтерс“.
Тексас ги укинува ограничувачките мерки во време кога бројот на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани пациенти се намалува низ САД.
„Време е Тексас да се отвори 100 проценти“, рече Абот, најавувајќи дека мерките ќе бидат целосно спроведени од 10 март.
Гувернерот изјави дека е во состојба да ги укине мерките затоа што 5,5 милиони жители од 29 милиони луѓе кои живеат во таа американска сојузна држава се вакцинирани.
Оваа одлука е во спротивност со повикот на претседателот на САД, Џо Бајден, кој апелираше до Американците да се придржуваат до мерките и да носат маски додека не се видат ефектите од вакцинацијата.
Регион
Во Словенија потврден нигерискиот вид на коронавирусот

По идентификацијата на британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирусот, во Словенија е потврден и нигерискиот вид.
Досега се откриени седум случаи на најновата варијанта, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.
Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно не предизвикува потешка форма на Ковид-19.
Јужноафриканската варијанта е потврдена во Словенија на 9 февруари кај 54-годишен маж. Министерот за здравство, Јанез Поклокар, рече дека во изминатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканскиот вид на вирусот, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.
Официјален извештај за присуството на разни мутации на вирусот што кружат во Словенија се очекува утре, јавува агенцијата СТА.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер