Свет
Убиен висок полициски функционер во Авганистан

Во терористички напад во петокот во Авганистан е убиен висок претставник на тамошното Министерство за внатрешни работи, пренесува Reuters
Началникот на криминалистичката полиција во областа Хесарак во источната авганистанска провинција Нангахар загинал при експлозија на нагазна мина која била активирана со далечински управувач, изјавил за медиумите шефот на провинциската полиција, бригадниот генерал Алишах Пактиавил. Според Пактиавил, автомобилот „форд-ренџер“, со кој се превезувал полковникот Зар Вали и неговите соработници бил уништен во експлозија кога полицијата тргнала во извршување на своите оперативни задачи. Во експлозијата биле тешко повредени уште двајца полицајци, додал Пактиавал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шведска ја одобри вакцината на „Астразенека“ за луѓе над 65 години

Шведските здравствени власти денес ја проширија употребата на вакцината на „Астразенека“ за лица над 65 години, по новото британско истражување.
Досега Стокхолм не ја препорачуваше вакцината за луѓе над 65 години, повикувајќи се на недоволни научни податоци.
„Три големи студии во Велика Британија сега покажуваат дека вакцината на ‘Астразенека’ обезбедува добра заштита, дури и за лица над 80 години, и дека нејзиниот заштитен ефект може да се спореди со оној на другите одобрени вакцини“, се вели во соопштението.
И Белгија, Германија и Франција ја одобрија вакцината на „Астразенека“ за лица над 65 години.
Свет
Европската Унија блокираше пратка од вакцината на „Астразенека“ за Австралија

Европската комисија и Италија ја блокираа испораката на вакцината на „Астразенека“ во Австралија, бидејќи производителот не ги исполнил своите обврски од договорот склучен со Европската Унија, објави „Ројтерс“.
„Астразенека“ побарала дозвола од италијанските власти за извоз на 250.000 дози од фабриката Анагни близу Рим. Италијанската влада одби да ја одобри дозволата, а Европската комисија го поддржа тоа.
Со ова, Европската Унија првпат ја искористи можноста за забрана за извоз на вакцини против Ковид-19.
Во јануари блокот воспостави регистар за следење на извозот на вакцини среде спорот со британско-шведскиот производител за да следи дали лабораторијата ги исполнува своите договорни обврски кон ЕУ.
Овој механизам им овозможува на властите на одделни земји членки на ЕУ, во консултација со Европската комисија, да блокираат извоз до дестинација надвор од Европската Унија, ако блокот верува дека производителот не ги исполнил своите обврски кон ЕУ.
„Астразенека“ сè уште не ги доставила ветените дози до Европската Унија и ги намали планираните испораки од 80 на 40 милиони дози, оправдувајќи го ова намалување со потешкотии во производството.
Се сомневаше дека вакцините произведени во ЕУ се продаваат на земји надвор од блокот, поради што е воспоставен регистар за следење на извозот на вакцини.
Свет
Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот.
Путин на состанокот со волонтерите од акцијата „Ние сме заедно“ истакна дека граѓаните на Русија со право се горди на своите научници кои создадоа вакцини.
„Навистина имаме со што да се гордееме, имајќи предвид дека нашите вакцини се најбезбедни и најефикасни во светот“, рече тој.
Шефот на руската држава додаде дека досега два милиони граѓани на Русија примиле по две дози од вакцината, а други два милиони примиле по само една доза.
Путин истакна дека вакцинацијата е главниот начин за борба против пандемијата и дека производството на вакцините ќе биде сè поинтензивно.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер