Свет
Гадафи: Се борам против терористите, зошто не ми помагате?

Либискиот водач Моамер Гадафи во разговор за францускиот весник „ Journal du Dimanche“ објавен денеска, вели дека во земјата се бори против терористите и изразува чудење бидејќи не добива никаква поддршка од надвор.
Либискиот водач Моамер Гадафи во разговор за францускиот весник „ Journal du Dimanche“ објавен денеска, вели дека во земјата се бори против терористите и изразува чудење бидејќи не добива никаква поддршка од надвор.
Истовремено либиската државна телевизија објави дека владините сили вратиле неколку градови под своја контрола.
„Изненаден сум што никој не разбира дека ова е борба против тероризмот. Нашите сили за безбедност на овој план соработуваа со странските служби и многу им помогнаа изминативе години. Па зошто сега кога се води борба против тероризмот во Либија, нас никој не ни помага за возврат“ прашува Гадафи.
„Ќе имате исламски џихад пред себе, на бреговите на Средоземието. Ќе дојде Бин Ладен луѓе и ќе наметне плаќање на откупнина на копно и море. Ќе се вратиме во времето на Црвенобрадиот гусар, Отоманите и сите останати кои се однесувале така“ тврди либискиот водач, кого западот го смета за одговорен за крвавото гушење на народниот бунт во земјата.
Тој вели дека и покрај сè што се случува во Либија, на неговата Влада добро и оди. Бунтовниците повторно ги обвини дека се под дејство на дрога, која им ја дилаат членовите на Ал Каеда.
Либиската државна телевизија, денеска наутро објави дека владините сили под своја контрола ги вратиле градовите Завија, Рас Лануф, Мистрат и Тобрук и дека напредуваат кон Бенгази. Меѓутоа овие информации се делумно спротивни на изјавите на сведоците од терен. Новинарот на агенцијата АФП јавува дека пристанишниот град Рас Лануф, со важни нафтени терминали сè уште е во рацете на бунтовниците.
Очевидци за Ројтерс изјавиле дека во градот Завија, 50 километри од Триполи, ноќта поминала мирно по два дена жестоки судири меѓу бунтовниците кои цврсто го држат центарот на градот и силите на Гадафи.
Ситуацијата во Завија, градот кој е бунтовничко подрачје најблиску до Триполи и град со нафтена рафинерија, е посебно непријатна за либиските власти, кои настојуваат да кажат дека го држат барем западот на земјата.
Според извори од локалната болница, во судирите во тој град загинале најмалку 30 цивили.
Недела е 20-ти ден од почетокот на протестите против Гадафи. Тој во разговорот за францускиот весник вели дека го поддржува доаѓањето на мисијата на ОН или Африканската унија за да провери што се случува во земјата, од која според податоците на ОН, досега избегале 190 илјади луѓе. Притоа им вети и полна слобода во истрагата.
Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот блокиран имот, Гадафи одговорил „Шаторот е се што поседувам, нека дојде нека докаже некој дали има некој динар“. /крај/хина/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Кон: Потребни се построги мерки и вонредна состојба во Србија

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека медицинскиот дел од кризниот штаб бара многу построги мерки, односно целосно затворање, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
„Имавме метеж за време на викендот поради скратување на работното време и не мислам дека многу ќе се забележат последиците од оние мерки што важеа за викендот“, рече Кон.
Кога станува збор за целосно затворање, Кон вели дека е потребно да се затворат сите објекти минимум седум до 10 дена.
Ова би значело дека објектите ќе бидат затворени, но потребно е да се воведат итни мерки.
„Ова трае долго и не треба да дозволиме нон-ковид болниците да се вратат во ковид-системот“, вели Кон.
Лична одговорност, вели тој, очигледно не може да се очекува.
„Факт е дека се откриени незаконски собири кои овозможуваат понатамошно ширење на вирусот“, додаде српскиот епидемиолог.
„Единствената реална работа е да се преземат построги мерки и за нив е потребна вонредна состојба“, рече тој.
Свет
ЕУ воведе санкции против блиски соработници на Путин поради Навални

Европската Унија донесе одлука за забрана за влез и замрзнување на имотот на четворица руски официјални лица одговорни за случајот со Алексеј Навални.
Санкционираните лица се блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа се Александар Бастрикин, Игор Краснов, Виктор Золотов и Александар Калашников.
Краснов е главен обвинител на Русија, Золотов е шеф на руската национална гарда, Калашников е шеф на рускиот затворски систем, а Бастрикин е началник на Кривичниот комитет за истраги.
Оваа одлука претставува спроведување на договорот на министрите за надворешни работи на земјите членки од 22 февруари.
Тогаш беше постигнат политички договор за воведување санкции за одговорните за затворањето и осудувањето на рускиот опозициски активист Алексеј Навални.
Навални беше уапсен и осуден во јануари, откако се врати во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со „новичок“, што предизвика протести низ цела Русија, а властите одговорија со апсење на демонстрантите.
Ова е првпат ЕУ да ја спроведе новата рамка за санкции против прекршителите на човековите права, која беше воспоставена во декември минатата година, според американскиот закон Магники.
Оваа рамка овозможува да се санкционираат физички и правни лица за кршење на човековите права насекаде во светот.
Свет
Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астразенека“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот за време на посетата на фронтот во источниот дел на Донбас, со надеж дека ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Заостанувајќи зад Европа, Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астразенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.
Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.
„Ја примив вакцината против Ковид-19. Се вакцинирав на фронтот со војниците како врховен командант”, напиша Зеленски на „Твитер“ и објави фотографија на која се гледа како ја прима вакцината.
Тој рече дека станува збор за вакцината „Оксфорд/Астразенека“ произведена во Индија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер