Свет
Почина пријателот од „Дневниците“ на Че Гевара

Алберто Гранадо, човекот кој во младоста беше неразделив пријател и следбеник на идниот револуционер, Ернесто Че Гевара, почина во својата 88 година
Алберто Гранадо, човекот кој во младоста беше неразделив пријател и следбеник на идниот револуционер, Ернесто Че Гевара, на патувањата кои се овековечени во филмот „Дневниците на Че Гевара“, почина во својата 88 година во Куба, објавија кубанските медиуми.Славното патување низ Латинска Америка започнало кон крајот на 1951 година на стар британски моторцикл што бил во сопственост на Гранадо. Се претпоставува дека тоа патување ја разбудило симпатијата кон сиромашните и желбата за социјална правда кај Че Гевара, кои на крајот ќе го претворат во револуционер.Алберто Гранадо е Аргентинец, исто како и Че. На покана на својот пријател во 1961 година се преселил во Куба и таму останал до својата смрт. Неговата пепел, како што јавуваат кубанските медиуми, ќе биде разнесена низ Аргентина, Венецуела и Куба.Пријателот на Че, Гранадо, беше биохемичар кој основаше медицинско училиште на Куба. Автор е на книгата „Патувањето со Че Гевара: Создавањето на револуционерот“ врз чија основа е снимен филмот „Дневниците на Че Гевара“.Режисер на филмот, кој премиерно беше прикажан во 2004 година, е Бразилецот Валтер Салес, додека во улогата на Че Гевара настапува актерот Габриел Гарсија Бернал.Меѓу другите, филмот се закити со наградата Оскар за најдобра оригинална музика и наградата БАФТА за најдобар странски филм. /крај/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фаучи: Во март почнуваме тестирање на вакцината на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид

Во средината на март во САД почнуваат испитувања на вакцините развиени од лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид на коронавирусот, изјави Ентони Фаучи, советник во Белата куќа.
„Испитувањата почнуваат во средината на март“, рече имунологот на прес-конференција одржана во Белата куќа.
Засега, додаде Фаучи, нема да се прочува ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот, т.е. неговата способност да предизвика имунолошки одговор.
Тој рече дека првата фаза од испитувањето ќе се спроведе кај мал број луѓе.
Јужноафриканската варијанта според научниците е најзагрижувачка бидејќи покажа дека може делумно да се спротивстави на имунолошката заштита развиена по инфекција со вирусот или по примањето на вакцината.
Регион
Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на заразени. Таа додаде дека Србија продолжува со вакцинацијата и е прва по бројот на лица што примиле по две дози.
„Опуштени сме. Она што се случува се случува и во Израел. Луѓето се опуштија и мислат дека е готово. Апелираме до сите да станат сериозни и да вложат последни напори за да бидат безбедни“, рече Брнабиќ.
Таа исто така посочи дека мерките за викенд се заострени како потсетник на граѓаните дека треба да станат сериозни.
Во Србија во последните два дена се потврдени по повеќе од 3.000 нови случаи на коронавирус.
Европа
Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.
„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.
Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.
Шпанија веќе ги советуваше луѓето што немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.
Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиона граѓани од приоритетните групи, како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиона добиле две дози.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер