Свет
Викиликс : Режимот на Гадафи, виновен за инфицирање на 400 деца со ХИВ

Либиски официјален претставник, кој купил инфицирана крв по ниска цена, стои зад епидемијата на ХИВ во Бенгази, велат дипломатски извори, открива „Викиликс“.
Либиски официјален претставник, кој купил инфицирана крв по ниска цена, стои зад епидемијата на ХИВ во Бенгази, велат дипломатски извори, открива „Викиликс“.
Според Викиликс информацијата е добиена од шпански дипломат Карлос Фернандез Ариас кој 2007. година бил одговорен за Северна Африка.
Откривањето на информациите доаѓа само неколку дена откако поранешниот министер за правда, кој им се приклучи на анти -Гадафи силите, изјави дека режимот на лидерот Муамер Гадафи е одговорен за инфицирање на над 400 деца со ХИВ, а не бугарските медицински лица.
Поранешниот министер Мустафа Абудел Џалил за Ал Џезира, минатата среда рече дека тоа е уште еден сериозен злостор од страна на режимот на Гадафи против сопствениот народ.
Бугарските медицински лица беа осудени на смртна казна, и поминаа години во затвор по што беа помилувани, а во 2007. година, Бугарија и го отпиша долгот на Либија со цел медицинарите да бидат ослободени ./крај/ви/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Регион
Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.
Европа
Британски министер: Ковид-пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран