Свет
Бунтовниците во Брегот на Слоновата Коска освоија поголем град
Бунтовниците во Брегот на Слоновата Коска ноќеска го презедоа градот Тулепле по жестоките борби со трупите на приврзаниците на Лорен Гбагбо, поранешниот претседател на државата, кој со месеци одбива да го признае изборниот пораз
Како што пренесе Associated Press, на својот сајт бунтовниците објавиле дека од неделата на полноќ големиот град Тулепле е во нивни раце.Поради судирите , во паника се десетици илјади бегалци кои побегнаа од насилството што е последица на се подлабоката политичка криза, која аналитичарите стравуваат дека ќе доведе до граѓанска војна.Според податоците на Обединетите нации и агенцијата, речиси 400 луѓе загинаа во Брегот на Слоновата Коска од одржувањето на претседателските избори.Алсан Уатара победи на изборите, но Уставниот суд, близок до Лорент Гбагбо, поништи дел од гласовите , со што победникот беше сменет. ОН , не го прифатија тој резултат и соопштија дека за нив, Уатара е новиот претседател.Гбагбо е на власт повеќе од десет години, а неговите безбедносни сили беа обвинети дека ги киднапираат, мачат и убиваат политичките противници./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.