Свет
ОН подготвува резолуција за забрана на летови над Либија

Француски и британски дипломати подготвуваат нацрт резолуција на Обединетите нации за воведување на забранета зона за прелети над Либија, изјави неименуван дипломат на Обединетите нации (ОН)
„Французите и Британците работат на документот. Наскоро ќе биде поделен на петнаесетте земји членки на Советот за безбедност на ОН. Не можеме да дозволиме цивили да се убиваат и на не сториме ништо“, изјави дипломатот, додавајќи дека оваа недела ќе биде донесена некаква одлука во врска со случувањата во Либија.Францускиот министер за надворешни работи, Алан Жипе, во саботата изјави дека „соработува со Британците на изработка на резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која би била воведена зона за забрана на летање, со која би се спречило бомбардирањето во Либија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Какво е обезбедувањето на папата Франциско во Ирак?

Ирак распореди илјадници дополнителни безбедносни сили за време на историската посета на папата Франциско.
Безбедноста е засилена по низата ракетни и самоубиствени бомбашки напади, кои предизвикаа страв кај ирачките власти.
Висок безбедносен службеник, кој бил запознаен со планот за посетата на папата, изјавил дека силите што ќе го чуваат поглаварот на Римокатоличката црква биле обучени да се соочат со најлошите можни сценарија, од улични пресметки до бомбардирања и ракетни напади, објави „Ројтерс“.
Претпоставени напади биле дел од обемните вежби по повод доаѓањето на папата во Ирак, кој ќе престојува таму од денеска до 8 март, што ќе биде прва посета на еден папа на таа земја.
Безбедносните ризици се големи по пристигнувањето на папата и се очекува тој првпат да патува со блиндиран автомобил, мерка за која Ватикан се надева дека ќе има двоен ефект, обезбедувајќи го поглаварот на католичката црква и намалувајќи го метежот во кој полесно се шири заразата, објави АП.
На аеродромот папата Франциско беше пречекан од премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими, по што следуваше официјална церемонија на пречек во претседателската палата и средба со претседателот Бахрам Салих.
На вториот ден од престојот папата во Наџаф ќе се сретне со големиот ајатолах Али ал-Систани во неговата куќа, а АП наведува дека секој детаљ од состанокот, од соблекувањето на чевлите до распоредот за седење, е специјално договорен и испланиран.
За време на своето историско патување во Ирак, папата ќе ја посети и црквата во Каракош, центарот на христијанството во Ирак. Оштетена и запалена за време на владеењето на Исламската држава, судбината на црквата ја отсликува трагедијата на нејзината христијанска заедница, која беше уништена од страна на екстремистите.
Франциско ќе се моли за жртвите од војната во Мосул, а потоа ќе одржи миса во градот Ербил.
За време на ова историско патување, папата ќе се сретне и со човек што го преживеал масакрот во багдадската црква, каде што милитантите убија 58 верници во 2010 година, а ќе одржи и миса во Халдејската катедрала во Багдад и молитва во античкиот град Ур, каде што се верува дека живеел Аврам во вториот милениум пр. н.е.
Свет
Спречен обид за киднапирање патнички авион во Иран

Иранската револуционерна гарда соопшти дека иранските власти го спречиле обидот за киднапирање патнички авион за време на летот претходната ноќ, без да наведат детали за инцидентот.
Обидот за киднапирање се случил во авионот „фокер 100“ на компанијата „Иран ер“ на лет од градот Ахваз на југозападот на земјата кон Машхад на северозапад, пренесува АП.
#Iran’s paramilitary Revolutionary Guard says authorities disrupted the attempted #hijacking of a passenger plane in flight the night before, though it offered few details on what happened.https://t.co/CioDHPbCqh
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 5, 2021
Во соопштението на гардата не се прецизира идентитетот на киднаперот, но се вели дека тој се обидел да го пренасочи летот кон јужниот брег на Персискиот Залив.
Поради инцидентот во кој никој не е повреден, авионот принудно слетал во Исфахан, во централниот дел на Иран.
Свет
Полицијата во Капитол бара гардистите да останат во Вашингтон уште 60 дена

Полицијата на американскиот Капитол поднесе барање до Пентагон припадниците на Националната гарда да останат во зградата на американскиот Конгрес уште 60 дена, изјави членката на Претставничкиот дом од Републиканската партија, Елиса Слоткин.
АП објави дека Пентагон во моментот го разгледува барањето на полицијата.
Националната гарда наводно бара доброволци да ја пополнат позицијата во Капитол сè додека Пентагон не го одобри продолжувањето.
Повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда беа стационирани во зградата на Конгресот на САД по нападот на Капитол на 6 јануари.
Вчера на гардистите им беше кажано да одржуваат голем степен на претпазливост поради потенцијалниот заговор на неименувана вооружена група за извршување нов напад врз Капитол, пренесе „Раша тудеј“.
Доколку Пентагон не го продолжи мандатот на Националната гарда, сите 5.000 гардисти ќе бидат испратени дома в петок, 12 март.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер