Свет
Вооружување на бунтовниците една од опциите на Белата куќа
Белата куќа соопшти дека вооружувањето на противниците на либискиот лидер Моамер Гадафи е една од опциите, но дека во овој момент е „прерано“ за таква вид на акција.
Белата куќа соопшти дека вооружувањето на противниците на либискиот лидер Моамер Гадафи е една од опциите, но дека во овој момент е „прерано“ за таква вид на акција. На редовната прес конференција, портпаролот на американскиот претседател, Џеј Карни наведе дека вооружувањето на противниците на Гадафи е само една од можностите.„Преку повеќе канали комуницираме со либиската опозиција и се обидуваме да дознаеме повеќе околу тоа што тие сакаат“, рече Карни и додаде дека кога се работи за вооружувањето на бунтовниците во Либија, треба најпрвин да се знае каде тој пат води. Поранешниот американски амбасадор при Обединетите нации, Бил Ричардсон, предложи да се размисли за можноста либиската опозиција да биде помогната со оружје, во неделата со неговиот предлог се согласи првиот човек на републиканците Мич Мекконел. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.