Свет
Бајден ја започна официјалната посета на Русија
Рускиот претседател Дмитри Медведев и американскиот потпретседател Џо Бајден се сретнаа денеска во Москва, при што е дискутирано за приемот на Русија во Светската трговска организација, како и за антиракетната одбрана, пренесува Риа Новости
Рускиот претседател Дмитри Медведев и американскиот потпретседател Џо Бајден се сретнаа денеска во Москва, при што е дискутирано за приемот на Русија во Светската трговска организација, како и за антиракетната одбрана, пренесува Риа НовостиБајден пристигна во Русија доцна синоќа, само два дена по втората годишнина од прогласувањето на прочуеното „ресетирање“ на меѓусебните односи, што особено се покажа со потпишувањето на новиот договор СТАРТ за контрола на стратешкото нуклеарно вооружување.Извор во Кремљ за Риа Новости изјавил дека посетата на Бајден е со цел да се подготви посетата на Москва на американскиот претседател Барак Обама, која треба да се случи подоцна годинава. Потпретседателот Бајден денеска исто така се сретна и со американските бизнисмени во Русија и го посети Сколково, кое го нарекуваат и „руска силиконска долина“, каде што присуствуваше на тркалезна маса со руски бизнисмени. Утре Бајден ќе се сретне со рускиот премиер Владимир Путин и ќе одржи говор на московскиот Државен универзитет, на тема руско-американски односи.Во петок Бајден од Русија заминува за Молдавија. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.