Свет
Земјотресот во Јапонија ја поместил планетата
Денешниот земјотрес во Јапонија за речиси десет сантиметри ја поместил оската на ротација на планетата Земја, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.
Денешниот земјотрес во Јапонија за речиси десет сантиметри ја поместил оската на ротација на планетата Земја, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.„Прелиминарните резултати од истражувањето кои ги спроведе Институтот покажуваат дека земјотресот во јапонија ќе помести оската на ротација на Земјата за околу 10 сантиметри“, изјави директорот на истражувачкиот тим, Антонио Пиерсанти. Ова движење е „многу поголемо него што тоа беше кога се случи земјотресот на Суматра во 2004 година, и веројатно е на второто место според своето влијание по земјотресот во Чиле во 1960 година“, рече Пиерсанти. Италијанската вселенска агенција е резервирана по ова прашање и соопшти дека треба да се соберат уште податоци, пред да се утврдат точните мерки на влијанието на оската на земјината ротација, јави агенцијата Анса. Промената на оската на ротација на Земјината топка може да влијае врз време траењето на денот, но во овој случај таа е мала – изнесува неколку милионити делови од секундата. крај/анса/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.