Свет
Кетрин Ештон заминува во Каиро да разговара за Либија

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон , најави дека денеска ќе отпатува во Каиро за да разговара за кризата во Либија со лидерите на Арапската лига.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон , најави дека денеска ќе отпатува во Каиро за да разговара за кризата во Либија со лидерите на Арапската лига.
Ештон рече дека во Каиро ќе замине денес по завршувањето на состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ кој се одржува во Унгарија, пренесе Асошијетед прес.
Таа изјави дека со генералниот секретар на Арапската лига , Амр Муса ќе дискутира за заедничкиот пристап на либиското прашање и ситуацијата во областа на Блискиот исток и Северна Африка.
Ештон кажа дека е потребно да се процени колкава досегашната ефикасност на воведените санкции против либискиот водач Муамер Гадафи и дека сите опции се отворени кога станува збор за дополнителни мерки./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Внукот на Тито осуден на затворска казна во Белград

Едвард Броз (70), еден од внуците на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, е осуден во отсуство во Високиот суд во Белград на осум месеци затвор, објави „Танјуг“.
Тој е осуден за сообраќајна несреќа во 1992 година, во која загина негов пријател.
Едвард Броз е осуден во отсуство бидејќи тој е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.
Тој побегна во Хрватска веднаш по несреќата во Земун, но беше уапсен 16 години подоцна на 21 јануари 2008 година на граничниот премин Батровци кога се обиде да влезе во Србија.
По три дена, тој беше ослободен да се брани од слобода, но му беше одземен пасошот и му беше наредено да се јавува во полиција на 15 дена.
На крајот на март 2008 година Броз се појави на почетокот на судењето пред Високиот суд во Белград и ги презентира одбраната и каењето за смртта на својот пријател, но тој повторно избега.
Поточно, тој не се појави на рочиштата во мај, јуни и во септември 2008 година, па судот издаде меѓународна потерница за него во октомври истата година.
Случајот беше одложен во Високиот суд во Белград, но судењето почна во негово отсуство на почетокот на минатата година.
(Фото: „Танјуг“)
Европа
Бразилскиот вид на вирусот потврден и во Австрија

Првиот случај на инфекција со бразилскиот вид на коронавирусот е потврден во австриската прокраина Салцбург.
Сомнежот се појавил на 23 февруари, кога примерокот бил испратен на секвенционирање, што покажало дека станува збор за бразилски вид.
По британскиот и јужноафриканскиот вид на вирусот, бразилскиот вид е третата мутација потврдена на австриско тло.
Видот наречен B.1.1.28 најпрво беше откриен во декември во Бразил, а потоа и кај група патници кои патувале од Бразил за Јапонија.
Првите студии покажуваат дека овој вид е далеку поинфективен од другите.
Бразилскиот сој веќе е откриен во неколку европски земји како Италија и Германија, а денеска го потврди и Словенија.
Европа
Двајца германски политичари дадоа оставки поради аферата со набавка на заштитни маски

Двајца германски политичари денеска објавија дека ги напуштаат своите партии и се повлекуваат од сите позиции под притисок на јавноста и партиските лидери во врска со скандалот со мито, поврзан со набавка на заштитни маски во пандемија на коронавируси, пишуваат германските медиуми.
Политичарот на владејачката Христијанско-демократска унија, ЦДУ, Никола Лобел, денеска поднесе оставка од сите политички должности, и се повлекува од своето место во Бундестагот поради оваа афера.
„Со цел да спречам понатамошно оштетување на мојата партија, решив да го повлечам пратеничкиот мандат“, соопштија од неговата канцеларија.
Претходно, неколку лидери на ЦДУ, вклучувајќи го и новиот претседател на партијата Армин Лашет, предложија Лобел да поднесе оставка.
По првите обвинувања за мито, 34-годишниот Лобел најави дека ќе го повлече пратеничкиот мандат дури на крајот на август.
Политичарот на ЦДУ е обвинет дека минатото лето добил 250.000 евра како сопственик на посредничка компанија за медијација при набавка на поголема количина медицински заштитни маски.
Адвокатот Георг Нуслeјн од сестринската партија на ЦДУ, Христијанско социјалната унија ЦСУ, исто така беше обвинет за примање мито во врска со набавка на големи количини заштитни маски. Тој веќе поднесе оставка од сите позиции во Бундестагот, а неговиот адвокат денеска објави дека Нуслејн се повлекува од политиката на покраинско ниво.
И кај овој баварски политичар станува збор за провизија во висина од 250.000 евра а
Минатата година, за време на првиот пандемиски бран, Германија се обиде на секој можен начин да добие што е можно повеќе маски на глобалниот пазар. Според германските медиуми, по тој повод биле склучени многу зделки на штета на даночните обврзници.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“