Свет
Тела на 400 до 500 луѓе најдени во јапонската префектура Мијаги
Телата на 400 до 500 луѓе биле пронајдени во јапонската префектурата Мијаги којашто беше најпогодена од катастрофалниот земјотрес во североисточниот дел на Јапонија во петокот, јавува телевизјата NHK.
Телата на 400 до 500 луѓе биле пронајдени во јапонската префектурата Мијаги којашто беше најпогодена од катастрофалниот земјотрес во североисточниот дел на Јапонија во петокот, јавува телевизјата NHK. Со ова бројката на жртвите од катастрофата по потврдувањето на точниот број на загинати може да надмине илјада. Во моментов, од јапонската влада ја потврдува смртта на 599 луѓе. Во меѓувреме,AFP повикувајќи се на извештаи на локалната полиција објави дека бројката загинати изнесува најмалку 703 луѓе. Во еден од најсилните светски земјотреси во последните неколку години со магнитуда од 8,9 степени по Рихтер кој го погоди крајбрежното подрачје на префектурата Мијаги, 373 километри североисточно од престолнината Токио кој беше проследен со силно цунами чиј плимен бран достигна и до десет метри во височина. Според јапонската влада, 1.130 лица се повредени а 784 лица. Сепак повеќето медиуми наведуваат дека конечниот број на жртвите на катастрофата може да изнесува повеќе од 1.500 луѓе и стотици исчезнати лица./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.