Свет
Девет загинати во сообраќајна несреќа на Хаити

Девет лица загинаа, а 24 се повредени во собраќајна несереќа која се случи во југозападниот дел на Хаити.
Девет лица загинаа, а 24 се повредени во собраќајна несереќа која се случи во југозападниот дел на Хаити. Меѓу повредените пет лица се наоѓаат во критична состојба, соопшти коордонаторот за цивилна заштита Ренел Жан. Тој наведе дека несреќата се сучила кај местото Ла Каје, а автобусот се движел кон Жереми. Двата града се наоѓаат во јужниот дел на Хаити. Причина за несреќата е преврзо возење, автобусот изгубил контрола удрил во камион и се превртел. крај/бл/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонскиот премиер се извини за луксузните вечери приредувани од неговиот син

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини по оставката на главната портпаролка, која заедно со други високи државни функционери беше мета на критики поради присуството на скапи вечери подготвени и платени од синот на Суга.
Макико Јамада, секретарка за односи со јавностa во кабинетот, си поднесе оставка од болницата каде што беше примена поради инфекција, објави владата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Администрацијата на Суга и 60-годишната портпаролка се соочија со јавни критики откако списанието „Шукан Буншун“ минатиот месец објави дека најстариот син на Суга, Сеиго, извршен директор на компанија што произведува сателитски телевизиски програми за радиодифузери, плаќала скапи вечери за влијателни државни функционери.
Јапонскиот национален закон за етика на државните служби забранува владини службеници да прифаќаат подароци и да се забавуваат на сметка на компании или поединци кои даваат услуги.
Регион
(Видео) Во Србија пристигнаа уште 100.000 вакцини „спутник В“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека новиот контингент со руски вакцини „спутник В“. Уште 100.000 дози на руската вакцина „спутник В“ пристигнаа со авион на „Ер Србија“.
Денес тие вакцини ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација во земјата.
Србија договори да и се испорачаат вкупно два милиони дози „спутник В“, а целата количина ќе биде испорачана до крајот на април.
Премиерката Ана Брнабиќ рече дека со оваа последна испорака, бројот на набавени вакцини ќе надмине два милиони дози. Таа најави дека денес ќе пристигнат уште 58.500 вакцини на „Фајзер“, а на 5 март 500.000 вакцини на кинеската компанија „Синофарм“.
Европа
Од среда Словачка ги заострува рестриктивните мерки против Ковид-19

Словачката влада ќе ги заостри рестриктивните мерки против коронавирусот, вклучително и оние кои го ограничуваат движењето, поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани лица од 3 март, информираат официјалните служби.
Владата на премиерот Игор Матовиќ објави детали за новите мерки по повеќедневни дискусии со експерти, додека Словачка има најлош број на новоинфицирани со Ковид-19 во светот.
Од среда, Словаците ќе можат да се движат од 8 до 13 часот, само на работа или на лекар, а исклучоци од ограниченото движење можат да бидат само од 17 до 20 часот. Оние кои можат да работат од дома мора да го сторат тоа, пишува Ројтерс.
Од 8 март жителите ќе можат да влегуваат само во јавен превоз или продавници со заштитни маски FFP 2 со вентил.
Предучилишните и пониските одделенија во училиштата ќе работат само за деца чии родители не можат да работат од дома.
Доколку овие ограничувачки мерки не го намалат бројот на нови инфекции до 21 март, владата планира уште построги ограничувања на движењето, вклучително и затворање на компании и граници, објавија локалните медиуми.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран