Свет
Јапонец, стар 60 години, го преживеал цунамито

Еден 60-годишен Јапонец, денеска е пронајден од спасувачките екипи на отворено море, откако два дена бил закачен за покривот на неговата куќа, која била уништена од цунамито.
Еден 60-годишен Јапонец, денеска е пронајден од спасувачките екипи на отворено море, откако два дена бил закачен за покривот на неговата куќа, која била уништена од цунамито. Според соопштението на јапонското министерство за одбрана, старецот кој се чувствува добро, веднаш, со хеликоптер е префрлен во болница. Старецот рекол дека откако го слушнал предупредувањето, дека цунамито се наближува кон неговиот град на североистокот на Јапонија ја напуштил куќата, но набргу се вратил во неа за да земе некои работи. „Цунами ја однесе мојата куќа заедно со мене, јас, за да се спасам се закачив за покривот“, рекол тој. Според досега официјалните податоци, во петочниот земјотрес кој ја погоди Јапонија и предизвика цунами висок 10 метри, загинаа 688 луѓе, а 1.570 се водат за исчезнати. Сепак стравувањата се дека овие бројки се многу поголеми, шефот на полицијата во регионот Мијуга изјави дека е можно бројот на мртви само во овој регион да изнесува 10.000. крај/онаса/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
СЗО и Европската комисија работат на донацијата на вакцини за Балканот

Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини против коронавирус за другите земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
На прашање за дозите за земјите на Балканот, Клуге на прес-конференцијата рече: „Ние тесно соработуваме со Европската комисија на сите нивоа, по прашањето на донациите“, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека Австрија ќе ги координира тие донации.
Европа
СЗО: Секој 10-ти пациент има симптоми на коронавирусот и по три месеци

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денес објави дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста дури и три месеци по инфекцијата.
Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека т.н. „продолжен Ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.
Светската здравствена организација апелира до политичките актери да направат повеќе за да обрнат внимание и да го лекуваат долгорочниот ковид, што се манифестира, меѓу другото, со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење мирис, дијареја и кивање, пренесуваат светските агенции.
Клуге во изјава истакна дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со коронавирусот има симптоми дури и еден месец откако добило позитивен тест, додека секое десетто лице има симптоми дури и по 12 недели.
Регион
Наркобос убиен во центарот на Тирана

Утрово во центарот на Тирана бил убиен 66-годишен маж, за кого тамошните медиуми пишуваат дека бил познат наркобос.
Тој бил убиен со огнено оружје со придушувач, а како што пренесува „ABC Albania“, станува збор за Бехар Суло Софија, кој ѝ е добро познат на полицијата по своите криминални активности.
Тој пред неколку години бил уапсен за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, a бил инволвиран и во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.
Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.
Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што се случило убиството.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер