Свет
Најмалку 10 мртви во поплави во Бразил

Најмалку десет луѓе загинале, а преку 21.000 се евакуирани во поплавите кои го зафатија јужен Бразил, соопштија локалните власти
Најмалку десет луѓе загинале, а преку 21.000 се евакуирани во поплавите кои го зафатија јужен Бразил, соопштија локалните властиПоројните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, што уништија повеќе патишта во државите Рио Гранде до Сул, Санта Катарина и Парана.Уште двајца луѓе се водат како исчезнати. Невремето засегна вкупно 60.000 жители на југот на оваа латиноамериканска држава. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Касперски“: Вакцините против ковид се продаваат на црниот пазар по ценa од 250 до 1.200 долари

Вакцините против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар по ценa од 250 до 1.200 долари, соопшти компанијата „Касперски“, која дошла до ова сознание со испитување на пазарот на „Даркнет“, каде што пронашла реклами за продажба на вакцини.
Според глобалната компанија за сајбер безбедност, рекламите биле за главните вакцини против ковид, „Фајзер/ Бионтек“, „Астра зенека“ и „Модерна“, а имало и продавачи кои рекламирале неверификувани вакцини.
Исто така, се наведува дека повеќето продавачи на вакцини се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД и дека повеќето од нив имаат извршено меѓу 100 и 500 трансакции.
Европа
Вилер: Британскиот вид коронавирус набргу ќе биде доминантен во Германија

Директорот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер, денес изјави дека многу позаразниот вид коронавирус, кој првпат беше забележан во Велика Британија, набргу може да стане доминантен вид во Германија, што ќе ја забави борбата против ширењето на вирусот.
Тој рече дека со таканаречениот британски вид коронавирус, Б117, во моментот се заразиле 40 отсто од заболенитете во Германија и дека само пред четири недели тој процент бил шест отсто, пренесува „Ројтерс“.
„Се предвидува дека Б117 набргу ќе биде доминантна варијанта во Германија, а потоа ќе биде уште потешко да се држи вирусот под контрола бидејќи е заразен и еднакво опасен за сите возрасни групи“, рече Вилер.
Европа
Орбан: Почнува последната фаза од борбата против пандемијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека последната фаза од војната против коронавирусот започнува со двонеделното заклучување на земјата, кое започнува во понеделник, на 8 март.
Тој за унгарското радио „Кошут“ изјави дека владата нема друг избор откако експертите предупредуваат на катастрофални последици доколку не биде донесена ваква одлука, пренесува МТИ.
„Мораме да се затвориме сега, за да се отвориме до Велигден“, рече Орбан.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер