Свет
Гадафи: Берлускони ме предаде, Саркози е ментално пореметен

Либискиот лидер, Моамер Гадафи во интервју за италијанскиот весник Il Giornale изјави дека е предаден од неговите поранешни европски сојузници, како што е италијанскиот премиер Силвио Берлускони, и нагласи дека сериозно се загрозени деловните врски помеѓу Европа и Либија
Полковникот Моамер ел-Гадафи во интервјуто го отфрли барањето на западните сили, над Либија да биде воведена зона забранета за летови. Гадафи рече дека францускиот претседател, Николас Саркози, чија земја прва официјално го призна Националниот совет на опозицијата, има „ментално пореметување“. Одговарајќи на прашањето за односот со донеодамна неговиот најдобар пријател, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, тој рече: „Чувствувам дека сум предаден, навистина не знам што да мислам за него“.Европската унија на минатонеделниот самит му воведе санкции на Триполи. Пред либиското востание врските помеѓу Унијата и Либија беа мошне цврсти, тоа особено се однесува на Италија која разви одлични деловни врски со својата некогашна колонија.Гадафи во интервјуто уште еднаш повтори дека неговата влада се бори против исламскиот екстремизам, кој би можел да предизвика сериозни немири во регионот.Гадафи се закани дека во случај на воена интервенција на западните сили, тој ќе се обедини со радикалните исламисти и ќе прогласи џихад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов напад на бунтовниците во Нигерија, убиени 36 лица

Во два одделни напади во сојузните држави Кадуна и Кацин во северна Нигерија, загинаа 36 лица, пренесува Ројтерс врз основа на изјави на официјални лица.
Агенцијата наведува дека серијата напади на вооружените бунтовници во оваа земја продолжиле и вчера, а неколку лица биле ранети.
Напаѓачите палеле куќи и протерувале луѓе само еден ден по џихадистичкиот напад во североисточната држава Борно, кога најмалку 16 лица загинаа, а десетици беа повредени.
Минатата недела неидентификувани вооружени лица убија ученик во напад на интернат во нигериската северо-централна држава Нигер и киднапираа 42 лица, од кои 27 ученици.
Европа
Курц бара од ЕУ воведување на европски пасош за вакцинација

Австрискиот канцелар Себастијан Курц бара од ЕУ воведување на европски пасош за вакцинација и се заканува дека доколку не биде усвоен, Австрија ќе најде начин да воспостави слобода на движење и патувања.
Израел веќе има таков пасош и, како што рече, сакаат да go воведат и некои други европски земји. Овој пасош треба повторно да овозможи нормален живот.
Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ, Курц се стави на чело на оние кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.
„Ние сакаме да се вратиме во нормала и максимална слобода што е можно поскоро. Сè додека има пандемија и вирус, тоа е можно само ако имаме мерки за заштита, без разлика дали преку вакцинација или тестови”, истакна Курц во изјавата за новинарите.
Тој посочи дека поради тоа е потребен европски пасош за вакцинација, што ќе овозможи слободно патување, а со тоа и одмор.
Курц најави дека ќе преземе иницијатива на Самитот на ЕУ и додаде дека има многу сојузници, пред сè туристички земји како Грција, Кипар или Малта, но и балтичките држави, Шпанија, Хрватска и Словачка сакаат ваков сертификат за вакцинација. Од друга страна, Германија, Белгија и Холандија, како и Франција, не сакаат брзи одлуки во врска со тоа.
Сепак, Курц гледа шанса да постигне европски договор. Доколку тоа не се случи, Австрија, вели тој, самостојно ќе обезбеди слобода на движење и патувања.
Според него, со бројни билатерални договори, но само со оние земји што го сакаат тоа. Ќе ни треба пасош за вакцинација до летото, подвлекува Курц.
Свет
Мадуро: Господа од ЕУ, нема да се согласиме на компромис и дијалог

Каракас никогаш повеќе нема да се согласи на компромиси или дијалог со ЕУ, доколку Унијата не ја промени својата политика за санкции, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Тој потсети дека ЕУ воведе санкции против опозицијата која учествуваше на изборите, против судството и вооружените сили.
„Тие се мешаат во внатрешните работи и тогаш што очекуваат? Дека ќе им се заблагодариме што не нападнаа? Не. Баравме дијалог и беа преземени важни чекори за обновување на дијалогот. Но, на тој начин – не – или ќе ја смените позицијата, или никогаш повеќе нема да има договор и дијалог со вас господа од Европската унија. Да знаете дека Венецуела знае како да одговори на заканите, без разлика од каде доаѓаат“, Заклучи Мадуро.
Претходно, ЕУ го прошири списокот со санкции за Венецуела со високи воени претставници, членови на Националниот изборен совет и член на новиот парламент.
Новите санкции беа воведени „заради нивната улога во акциите и решенијата што ја поткопуваат демократијата и владеењето на правото во земјата, како и за сериозни повреди на човековите права“.
Како одговор, Венецуела го прогласи шефот на дипломатската мисија на ЕУ во земјата за персона нон грата и и даде 72 часа да ја напушти земјата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер