Свет
Од хеликоптери се лади „Фукушима“, 5.178 загинати

Јапонски воени хеликоптери утрово започнаа со фрлање големи количини вода врз нуклеарната централа „Фукушима 1“, тешко оштетена од минатонеделното цунами, во обид да го изладат прегреаното нуклеарно гориво и да се спречи негово топење, јавуваат светските медиуми
Истовремено, јапонската полиција соопшти дека досегашниот биланс на загинати изнесува 5.178 луѓе, додека 8.606 се водат како исчезнати.Според информациите, во ладењето на централата ќе се вклучат и водени топови, а се очекува во текот на денот да биде повторно обновено напојувањето со електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Чешка рекорден број на заболени од Ковид-19

Претседателот на Чешка, Милош Земан му се обрати на кинескиот лидер Си Џиннпинг за да обезбеди испорака на кинеската вакцина против Ковид-19 во неговата земја, изјави вчера портпаролот на Земан.
Според амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да го исполни“ барањето.
Досега, Унгарија е единствената членка на Европската Унија која ги вакцинира своите граѓани со кинеската вакцина „Синофарм“.
Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила вакцината.
Земан испрати слично барање до Русија.
Чешка е погодена од голем бран на нови случаи со Ковид-19 и покрај строгите мерки за затворање , а чешките болници вчера објавија рекорден број случаи на пациенти од Ковид-19.
Многу болници се преполни и немаат лекари и друг медицински персонал.
Европа
Секој граѓанин на Германија ќе добива по еден бесплатен тест неделно

Од следната недела, секој германски граѓанин ќе има неделно по еден бесплатен тест за коронавирус, најави германската канцеларка, Ангела Меркел. Како што посочи, стратегијата на борбата против пандемијата не се заснова само на забрзана вакцинација, туку и на масовно тестирање.
Германија ќе ги продолжи мерките за затворање до 28 март со многу опции за отворање во зависност од епидемиолошката состојба.
Меркел најави и поголема флексибилност при вакцинирањето со списоците на чекање, со цел што помалку датуми за вакцинација да останат неискористени, како и вакцинации кај матични лекари.
Постепеното отворање што ќе зависи од седумдневната инциденца. Од 8 март, во луѓето од едно домаќинство ќе можат да се сретнат со пет лица од друго домаќинство. Досега беше дозволена средба само со едно лице од друго домаќинство.
Продавниците ќе можат да ги отворат своите врати за клиентите во случај на инциденца под 50. Во случај на инциденца над 50, дозволено е купување преку Интернет со можност за подигање на стоката во самата продавница.
Терасите на рестораните и кафулињата ќе можат да примаат гости во случај на инциденца под 50 за 14 дена.
Од 8 март дозволено ќе биде работењето на цвеќарници, градинарски продавници и книжарниците. Од 8 март ќе можат да работат и педикирите, како и училиштата за возење и летање.
Правилото за работа од дома каде што е можно е продолжено до крајот на април.
Свет
Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на вакцини, соопшти Интерпол, предупредувајќи дека ова е само врвот на ледениот брег.
„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини против Ковид-19 по дојавата на Интерпол, со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додава меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.
Тројца кинески државјани и еден Замбиец се уапсени во акцијата, спроведена во Гермистон, во провинцијата Гаутенг, каде што е откриена и голема количина фалсификувани маски.
Интерпол исто така интервенирал и во Кина, каде полицијата открила мрежа за продажба на лажни вакцини против Ковид-19 и упаднала во производствен погон, приведувајќи 80 осомничени и запленувајќи над 3.000 дози лажни вакцини.
„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцини против Ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.
Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини кои се продаваат онлајн или се рекламираат по интернет-страници за продажба не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер