Свет
Либија може да биде нападната уште вечерва
Франција, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати уште вечерва може да извршат напади врз позициите на силите лојални на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи,
Франција, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати уште вечерва може да извршат напади врз позициите на силите лојални на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, неколку часа по гласањето во Советот за безбедност на ООН, за резолуција за заштита на цивилното население на Либија, јавува АФП повикувајќи се на француски дипломатски извори.„Воздушни напади може да бидат преземени оваа ноќ или во петок“, изјавил изворот за Agence France Presse.Според агенцијата, во сабота во Париз може да се случи трилатерален самит за ситуацијата во Либија, на кој ќе учествуваат Европската унија, Африканската унија и Арапската лига.AFP повикувајќи се на дипломатски извори во Обединетите нации истакнува дека Советот за безбедност би можел да гласа за резолуцијата доцна вечерва во 23 часот по македонско време во четврток. На 15-ти септември во Либија почнаа протести со кои се бара повлекување на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи кој се земјата владее 42 години, а кои прераснаа во востание. Востаниците формираа преоден Национален совет чијшто легитимитет официјално го призна само Франција, а тие зазедоа повеќе стратешки важни градови . на истокот од земјата. Меѓународните организации за човекови права известуваат за илјадници убиени во обидот силите лојални на Гадафи да го задушат бунтот. Неговите трупи од почетокот на седмицата преземаа офанзива со која ја повратија контролата врз поголемите градови и стратешки нафтени пристаништа кои беа во рацете на бунтовниците. Единиците на либиската армија во четвртокот навечер се пред главното упориште на Националниот совет – градот Бенгази кој може да бид енападнат уште вечерва.Против Либија на 26-ти февруари беа воведени санкции со кои се стави ембарго во трговијата со оружје со оваа земја, а се блокирани и сметките на семејството Гадафи и државни функционери. Тогаш Франција и Велика Британија побараа воведување зона за забранети летови над Либија, што беше поддржано од страна на Арапската лига. Либан, кој што е единствената арапска земја во Советот за безбедност, ја презеде врз себе иницијативата, па таа пред Советот за безбедност на ООН дојде официјално од државите во регионот. Меѓутоа досега неодговорено е прашањето за тоа кој ќе го надгледува воздушниот простор над Либија и колку тоа генерално ќе биде корисно. Исто така, не е јасно кои земји ќе треба да се борат на либиска почва доколку има интервенција. Франција и Велика Британија, исто така, предложија и воздушни напади врз воените аеродроми на армијата на Гадафи.Во четвртокот, францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе замина во Обединетите нации за да се забрза гласањето на резолуцијата. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.