Свет
Прекинат нападот врз Либија поради цивилите
Западните сили го стопираа бомбардирањето на Либија кое започна рано утрово, затоа што се чини дека цивилите се наоѓаат во подрачјата кои се цел на нападите.
Западните сили го стопираа бомбардирањето на Либија кое започна рано утрово, затоа што се чини дека цивилите се наоѓаат во подрачјата кои се цел на нападите.
Борбените авиони РАФ Торнадос го прекинале нападот за да нема премногу цивилни жртви, пишува Би Би Си.
Интервенцијата на ОН во Либија кои при бомбардирањето настојуваат да заштитат што е можно повеќе цивили се најде на удар на критиките на директорот на Арапската лига, Амир Муса. Тој тврди дека во бомбардирањето се погодени премногу цивилни мети и дека настрадале голем број на жители.
Американскиот адмирал Бил Гортни вели дека во операцијата во која освен САД учествуваат и Франција, Велика Британија, Италија и Канада, не е изгубен ниеден авион од коалициските сили, јавува Ројтерс.
Американските службеници исто така велат дека се уште во целост не исклучена заканата од нападот на силите на Гадафи врз Бенгази, но нагласи дека владините сили по нападот на авионите се изолирани и збунети.
Либиските власти соопштија дека во бомбардирањето на западните сили во сабота и недела загинаа 64 лица, но додаваат дека се уште е рано оваа бројка да стане официјална.
Една од зградите на резиденцијата на Гадафи е тешко оштетена во последниот напад, јави Си Ен Ен, се претпоставува дека била уништена од крстосувачка ракета. /крај/дн.хр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.